Реклама
Македонија

Уапсен газдата на „Ритрон Копи“ за набавките на телевизори во Државна Лотарија

Се отплеткува клопчето за криминалните тендери со сомнителни фирми во Државната Лотарија.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се отплеткува клопчето за криминалните тендери со сомнителни фирми во Државната Лотарија. Финасиската полиција му стави лисици на рацете на Артан Ајрули- газдата на контроверзната „Ритрон Копи“.

Финансиските инспектори ги открија релациите помеѓу кумановска фирма која „лапна“ 6 тендери тешки над 400 илјади евра во период од две години од државните игри на среќа.

Со потпис на директорот Перпарим Бајрами, од 2022 до 2024 година се исплаќале лажни фактури подготвени од   газдата на „Ритрон Копи“, Артан Ајрули. Бајрами си зел за право со народни пари да плаќа телевизори, принтери, комјутерска и комуникациска опрема, која,  ниту – соодвестувала, со она што го пишувало во трите договори, а ниту пак ја доставиле.  Двајцата пајташи, кои биле блиски пријатели, си  наместиле уште три тендери. Ги договарале   условите за набавки на телевозири, кои единствено „Ритрон Копи“ – ќе може да ги исполни

Реклама

Второпријавениот А. А.  тие информации ги искористил за однапред да изврши увоз на типови и модели на употребувани телевизори по договорените количини, со што бил доведен во поповолна положба во однос на сите други понудувачи во спроведените постапки за јавни набавки.. на телевизори за инсталација на електронски игри,  со што првопријавениот П.Б  му овозможил на второпријавениот А. А и петтопријавениот правен субјект ДПТУ РИТРОН КОПИ ДООЕЛ Куманово да се стекнат со противправна имотна корист по три склучени договори за јавни набавки на телевизори во вкупна вредност од 12.980.000,00 денари“ стои во пријават од Финансиска.

За целиот криминален план на добрите пријатели Бајрами и Ајрули да биде успешен им помагале и двајца директори од различни сектори во Државната лотарија.

Првиот кој раководел со секторот за продажба и комерцијални работи, во 2023-та и 24-та година лажно потпишал дека во магацините на Лотарија се примени 107 телевизори. Но, финасиските инспектори телевизорите не ги нашле ниту во магацините на државните игри на среќа, а ги нема ни во „Ритрон Копи“.

Не се најдени ниту принтерите, компјутерската и комуникациската опрема.

А за нив, вториот директор – од сектор за информатички технологии, потпишал дека биле испорачани во повеќе наврати ,лани и годинава.  И тој доби кривична од финансиската полиција.

Газдата на Ритрон Копи – Ајрули, е спроведен пред обвинител на распит. Ова од собраниската говорница го потврди министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска.

Се полни досието во обвинителство за ексдиректор на Лотарија Перпарим Бајрами. Ова е втора кривична пријава за него, по онаа од пред 10 дена, кога МВР му пиша кривична, дека заедно со Артан Груби направиле проневера од околу 8 милиони евра. Двајцата се бараат со меѓународна потерница.