Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Економија

УЈП: Нема нов данок на приход од странство, се применуваат постојните закони

Државата е решена да стави крај на праксата на криење и неплаќање…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државата е решена да стави крај на праксата на криење и неплаќање данок. Управата за јавни приходи предупредува дека сите полнолетни граѓани кои оствариле приходи по кој било основ дома или во странство тоа мора да го пријават и да го регулираат. Чешлањето на податоците од 2020 година па наваму, откриле дека голем број од граѓаните не доставиле потврда за уплатен данок, осбено оние кои работеле во странство. Чекајќи нов софтвер УЈП ги архивирала пдатоците, но истите не ги процесуирала, а според законска обврска тоа морало да го направи. Па затоа сега се постапува по овие решенија, со цел истите да не застарат и државата да го оствари правото на приход од данок на личен доход. 

„Тука не правиме разлика за која категорија на граѓани станува збор, дали е студент или за некој друг граѓанин кој остварува доход од работа. Постојат законски можности за одложено плаќање, односно плаќање на данокот на рати. Во однос на дилемите во јавноста, истакнуваме нема двојно оданочување, но потребно е да се достави доказ за платениот данок во странство и да се спроведе законска процедура. Не станува збор за ретроактивност, туку за законски надлежности кои УЈП ги извршува во законски предвидени рокови“ рече Елена Петрова, директорка на УЈП.

Дел од оние кои имаат обврска да платаа данок сметаат дека се обесправени. Од протестниот собир пред управата, студенти и граѓани кои рабортекле во странство реагираа дека доколку знаеле навреме обвсрката би ја исполниле. Вака велат дека се соочени со големи суми кои ќе мора да ги платат:

Реклама

„Некој студент работел три години таму. Заработил да речеме по 6.000 евра годишно и тие пари ги потрошил за студирање, за кирија, си купил автомобил и заработил вкупно 18.000 евра и сега 10% ќе треба да плати, 1800 евра. Тоа се многу пари, многу луѓе ги немаат и навистина е нефер, неправедно“, изјави студент од протестите.

„Не може една институција да хибернира 5 години и после 5 години таа институција да се разбуди и да каже, еј вие имате данок од 2020 година. А, каде е таа пресметка да ни ја врачи во 2021 година“, рече претставник на „Здружението правда за сите 2026 година“.

Од Управата за Јавни Приходи велат дека ќе продолжат да градат партнерски однос со граѓаните, со посебен однос кон младите. Ќе се обидат во иднина да направат повеќе кампањи насочени кон студентите, со кои ќе им се помогне да не доаѓа повеќе до недоразбирања. Колкава сума по основ на неплатен данок треба да собере државата, засега нема точен податок.