Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Туристичките агенции уверуваат дека летната сезона е сигурна

И покрај поскапувањето на керозинот, туристичките агенции уверуваат дека аранжманите и авионските…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

И покрај поскапувањето на керозинот, туристичките агенции уверуваат дека аранжманите и авионските летови за летната сезона остануваат сигурни и нема да се откажат. Можно е минимално зголемување на цените кај авионските аранжмани, но од агенциите велат дека тоа нема значително да влијае врз патниците. За најголема сигурност тие апелираат до граѓаните да си го закажат својот летен одмор токму преку туристичките агенции.

„Оние дестинации кои се загарантирани со летови во туристичките агенции кои што ги има како понуди ќе си продолжат, доколку има некои измени во цени, нормално ако авиокомпанијата заради качувањето на горивото има покачување, може да се покачат, меѓутоа на она што е веќе резервирано тие не би биле повеќе од 20-30 евра да речеме еве по лет, заради тоа што авионските аранжмани се погодени од сето ова така да нема да биде големо покачување, и уште една причина еве да се резервира преку туристичка агенција заради тоа што туристичката агенција стои позади тебе, законски е загарантирано до 20 дена пред тргнување треба да биде известена странката доколку цените се покачат и најголем дел значи не може да биде повеќе од 10 проценти тоа покачување.“– вели Ана Марија Алексова од Националната асоцијација на туристички агенции.

Од туристичките агенции велат дека најголем дел од граѓаните и годинава најчесто резервираат порано по пониски цени. Сепак, дел од нив и натаму чекаат понуди до последна минута или одлуката ја носат во зависност од работните обврски.

Реклама

„Генерално граѓаните сакаат да си резервираат порано се со цел да ги фатат оние промотивни цени, потоа да имааат време за плаќање на рати и да го одберат местотот каде што сакаат нормално да одат, заради тоа што последен момент може нема да има место таму каде вшто тие сакаат туку ќе мораат да одлучат каде што има слободни места. Меѓутоа сепак има и граѓани кои што последен момент се одлучуваат, некои заради чекањето ако има ласт минут цени, некои заради работни обврски бидејќи не знаат кога и каде би оделе, меѓутоа имаме и такви и такви ситуации. Ние советуваме оваа година да се резервира на време затоа што нели сега цените се поповолни а и ние агенциите сеуште имаме попусти и промоции.“– вели Алексова.

Граѓаните за својот летен одмор најголем интерес покажуваат кон поблиските туристички дестинации, но сепак има интерес и за подалечните.

„Како дестинации грција би ја нагласила дека е една од најбараните, имаме понуди низ цела Грција, исто така овде се и чартер летовите која што се потврдени за Египет, Тунис, Анталија, Бодрум, а исто така Шпанија, а исто така и граѓани кои што поблизу да отпатуваат, овде се и Албанија, Бугарија, Црна Гора.“– вели Алексова.

Со цел да ги доближат понудите до граѓаните и да ја промовираат туристичката сезона, денеска во Скопје за прв пат се одржува  „Скопје Травел Фест“, организирано од Националната асоцијација на туристички агенции. На настанот учествуваат 22 туристички агенции со специјални понуди, попусти и награди за посетителите.