Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Економија

Трошоците на животот во април на годишно ниво зголемени за 5.7 %, а цените на мало за 5.0 %

Трошоците на животот во април 2026 година, во однос на април лани,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Трошоците на животот во април 2026 година, во однос на април лани, бележат зголемување од 5.7 %, а цените на мало раст од 5.0 %, објави Државниот завод за статистика.

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во април 2026 година, во однос на март 2026 година, изнесува 1.3 %. 

Во април 2026 година, во однос на март 2026 година, зголемување на трошоците на животот е забележано во следните групи: Транспорт за 10.1 %, Рекреација, спорт и култура за 1.4 %, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 1.2 %, Храна и безалкохолни пијалаци за 0.7 %, Облека и обувки, Лична нега, социјална заштита и разновидни стоки и услуги и Информации и комуникации за 0.6 %, Ресторани и услуги за сместување за 0.4 %, Домување, вода, електрична енергија, гас и други горива, Здравствена заштита и Услуги за образование за 0.3 %.

Реклама

Намалувањето на инфлацијата во април 2026 година, во однос на март 2026 година, е резултат на намалувањето на трошоците на животот во групата Покуќнина, опрема за домаќинствата и редовно одржување на домаќинствата за 0.2 %.

Трошоците на животот во групата Осигурување и финансиски услуги остануваат на исто ниво како и во претходниот месец. Цените на мало во април годинава, пак, во однос на март, забалежале раст од 3.2%.