Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

Тромаво судство: Пресудата за двојното убиство на Вања и Панче пет месеци патувала од Кривичен до Апелација

Судството во Македонија е бавно и неефикасно. Ова го потврдува и петмесечната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Судството во Македонија е бавно и неефикасно. Ова го потврдува и петмесечната фамозна достава на пресудата за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и вцелешанецот Панче Жежовски до странките во постапката. Од јуни до ноември, во овој период судијата ја пишувал пресудата и најверојатно го запазил рокот од 45 дена за сложени предмети, но останува дилемата, што правел судот во наредните неколку месеци со доставата на одлуката. Засега нема официјално известување од судот колку време им требало на судиите да ја напишат и која е причината за задоцнетата достава. Поранешниот претседател на Судскиот совет и актуелен апелационен судија од Битола во телефонски разговор за Алфа вели дека за се постојат рокови што треба да се почитуваат, и мора однапед да се предвидат и спречат сите проблеми со доставите на судските одлуки.

Откако конечно сите инволвирани во случајот ја добија на хартија пресудата, најавија жалби. Љупчо Палевски – Палчо, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев ја примиле пресудата со која се осудени на доживотна казна затвор за двојното убиство. Пресудата е доставена и до таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој беше ослободен од вина поради недостиг на докази.

Дел од одбраната на осудените најави дека ќе го оспори доживотниот затвор. Според нив, во пресудата постојат неправилности, пропусти и суштествени повреди на постапката. Заради тоа ќе бараат одржување јавна седница пред Апелацискиот суд Скопје, на која планираат да ги изложат своите докази.

Реклама

Жалба до Апелација поднело и обвинителството за ослободителната пресуда за Александар Ѓорчевски, кој беше обвинет за помагање при киднапирањето на неговата ќерка.

Македонската јавност и регионот беа згрозени од убиството на малолетната Вања и велешанецот Панче што се счлчи во ноември 2023-та. По неколку дена од нивното исчезнување телата им беа пронајдени во близина на Скопје и Велес.

На доивотен затвор осудени се четворица бидејќи според обвинителството тие  испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде пари за откуп. Грабнувањето на убиениот Панче Жежовски во Велес, пак, според обвинението, било со намера да го присилат да им го даде неговото возило за да го користат за грабнување на детето во Скопје.