Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Македонија

Тројца лекари загинаа во трагична несреќа на патот Прилеп – Битола

Тројца лекари-прилепчани кои работеле во приватна болница во Битола трагично го загубија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Тројца лекари-прилепчани кои работеле во приватна болница во Битола трагично го загубија животот во уажна сообраќајна несреќа што се случила на патот Прилеп – Битола во близина на селото Лагово. Лекарите, еден гинеколог, еден ренгенолог и еден рентген техничар загинале кога нивното возило „Тојота„, со кое оделе на работа во Битола, директно се судрило со камион „Волво“, по што двете возила се заплиле и целсоно изгореле. Засега нема точни информации како дошло до несреќата, односно дали камионот бил на спротивна лента и се забил во нив, или некој возел пребрзо. Возачот на камионот, кој е од Битола, ја преживеал трагичната несреќа и се наоѓа во болница.

„Најверојатна причина за оваа сообраќајна несреќа е неприлагодена брзина на условите на патот. Ние као медицинска екипа констатиравме смрт на 3 лица и едниот повреден, учесникот кој бил во камионот е итно пренесен во Општата болница во Прилеп со телесни повреди“, истакна Боше Милошески, началник на Итна помош Причеп.

Веднаш по ударот двете возила букнале во пламен, кој бил подгреан од товарот во камионот кој пренесувалнекој вид на сунгер, а тешко се гаси, но и поради фактот што едно од возилата е хибрид со литиумски батерии кои можат да експлодираат во вакви ситуации.

Реклама

„Телата не се вадат се додека не дојди јавен обвинител да се изврши увид од крим техника и да се утврди точниот број на мртвите луѓе. Сега засега ова е ситуацијата, ние го обезбедуваме просторот, има и бензиои и нафта истечено, она е хибридно возило со литиумски батерии се надеваме дека нема да се случи експлозија“, додаде Виктор Стојчески, заменик командир на ТППЕ Прилеп.

Засега нема точни информации дали лекарите починале на лице место од самиот удар или пак од пожарот. Тоа, како и причините за несреќата треба да ги утврдат екипите на крим техника, полицијата и јавен обвинител, кои се на терен и вршат увид на местото на сообраќајката.