Реклама

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

Економија

Трипуновски: Заклучно со вчера откупени околу 15 милиони килограми тутун

Како и минатата година, така и оваа година откупот на тутунот се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Како и минатата година, така и оваа година откупот на тутунот се одвива без проблеми. Заклучно со вчерашниот ден, на ниво на целата територија на државата се откупени околу 15 милиони килограми тутун,  рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.

Трипуновски рече дека според последните информации, просечната откупна цена изнесува околу 419,84 денари за килограм, што е за речиси 20 денари повеќе во споредба со минатата година.

– Очекувам, доколку продолжи ваквата динамика, откупот на тутунот од реколтата 2025 да заврши до крајот на годината,  рече министерот за земјоделство. 

Реклама

Министерот Трипуновски ја оцени како многу успешна годината  што изминува во ресорот што го предводи, истакнувајќи ги податоците од Државниот зваод за статистика според кои во второто тримесечие, откупот и продажбата на земјоделски производи изнесуваат 3,6 милијарди денари, што посочи претставува зголемување од 24,6 проценти во однос на истиот период од 2024 година.

Трипуновски рече дека во третото тримесечие, откупот и продажбата достигнаа 5,2 милијарди денари, што е раст од 12 проценти, односно околу 10,4 проценти споредбено со 2024 година. – Овие бројки се јасен показател дека сме значително поуспешни од минатата година, посочи министерот Трипуновски. 

Тој додаде дека позитивните трендови се евидентни и во делот на извозот на земјоделски производи. – Во периодот јануари – октомври, извозот на храна бележи раст од 5,5 проценти во споредба со 2024 година. Кај пијалоците и извозот на тутун е забележан раст од дури 30 проценти. Овие податоци се показател дека сме на вистинскиот пат кон враќање и зајакнување на македонското земјоделство,  оцени министерот за земјоделство.

Осврнувајќи се на резултатите од годинава меѓу останатото наведе дека донесени се важни законски решенија и реализирани се јавни повици за прераспределба на земјоделско земјиште и ловишта. Исто така, преземени се активности за забрзување на запоставени проекти, како тој со Светска банка за изградба на откупни центри во Скопје и Струмица, како и проектот финансиран со кредит од германска банка за изградба на системи за наводнување, кои се во напредна фаза. Во текот на 2026 година ќе започне и нивната реална изградба, најави министерот Трипуновски.