Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Економија

Трипуновски од Росоман: Земјоделците ги креираат идните политики во земјоделскиот сектор

Земјоделците ги креираат идните политики во земјоделскиот сектор, порача вечерва министерот за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Земјоделците ги креираат идните политики во земјоделскиот сектор, порача вечерва министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, кој заедно со својот тим ја продолжи теренската кампања „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“, во општина Росоман.

Трипуновски, како што соопшти МЗШВ, ги посетил населените места Трстеник и Росоман, каде директно разговарал со граѓаните за нивните предизвици, потреби и предлози.

-Целта на овие активности е преку комуникација да се слушнат размислувањата, идеите и сугестиите на земјоделците, како и да се разговара за актуелните политики и идните насоки за развојот на земјоделството – истакнал министерот.

Реклама

Тој посочил дека во комуникација со размена на искуства, сугестии и идеи е подобро да се градат идните чекори кои што ќе ги води Министерството.

Трипуновски додал дека општина Росоман е земјоделски регион со над 3.000 хектари обработлива површина и повеќе од 2.500 корисници и баратели на земјоделска поддршка, што е еден од показателите дека Росоман има сериозен потенцијал во делот на земјоделското производство.