Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Економија

Трипуновски: Нема потреба од загриженост кај земјоделците, вршиме контрола на 50-тина договори, ќе го информираме Брисел за исходот

Веднаш по онаа акција која се случи во четвртокот, каде беа приведени…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Веднаш по онаа акција која се случи во четвртокот, каде беа приведени повеќе лица вклучувајќи го и директорот, нашиот национален механизам е на стопирање на дел од исплатата на ИПАРД средствата. Тоа е наша брза реакција за да провериме што во суштина се случувало во самата агенција, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.

Како што информира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трипуновски вели дека Брисел ја поздрави брзата реакција на Владата за да испита што точно се случувало во Платежната агенција.

– Сето тоа е искомуницирано со Брисел и оттаму дадоа позитивна критика за брзата реакција. Со нашата реакција ќе превенираме евентуални други несакани последици. Она што ние како држава ќе го направиме во проверките ќе биде испратено како извештај до Брисел за да дефинираме што се случувало, појасни министерот.

Реклама

Министерот Трипуновски посочи дека тука станува збор за девијантно однесување на еден од вработените, а не за системот. Тој додаде дека Агенцијата е поделена на две структури, едниот дел е за национални плаќања, односно субвенции, а другиот дел се однесува на реализација на ИПАРД средствата. Вториот дел во моментов е под национална ревизија.

Трипуновски нагласи дека нема потреба кај загриженост кај земјоделците бидејќи се врши контрола само на 50-тина договори, а не 450 како што лиферува опозицијата.

– Исплатите за субвенциите ќе продолжат тековно, земјоделците не треба да се грижат, рече Трипуновски. Тој додаде дека се работи за 50-тина предмети кои се од претходно објавени повици да бидат дозавршени, а не како што лиферува опозицијата дека се над 450 апликанти.

Трипуновски нагласи дека на последната владина седница е назначен нов директор на Агенцијата.

– Дополнително она што е важно, ние веќе на последната владина седница назначивме и нов директор на самата институција којашто нормално веќе од внатре ќе почне да го движи процесот на самата Агенција, за да нема еден сериозен застој, заклучи тој.

Во однос на прашањето дали постои опасност од дополнително пролонгирање на роковите, доколку ОЛАФ се вклучи во истрагата, Трипуновски информираше: „Ние сме сведоци дека последниве неколку години ОЛАФ беше присутен во Платежната агенција, доаѓа без најава, без какво било претходно известување. Во моментов она што ние сме го преземале како институција согласно нашите надлежности е позитивно поздравено од Брисел. Дали ќе дојде ОЛАФ не знам, меѓутоа она што е наша обврска и ние ќе направиме се е да провериме и да испратиме сумиран извештај до Брисел што е констатирано при истрагата и мислам дека веднаш потоа ќе продолжиме понатаму со едно тековно работење“.