Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Економија

Трипуновски: Нема намалување на средствата за директни плаќања

Нема кратење во Програмата за директни плаќања. Во изминатите години, вклучително и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нема кратење во Програмата за директни плаќања. Во изминатите години, вклучително и за време на претходната власт, Програмата што се носела изнесувала околу 100 милиони евра. Никогаш при нејзиното донесување не изнесувала 140 милиони евра, истакна денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски за време на гостувањето во една од телевизиите.

Тој појасни дека Програмата за 2018 година изнесувала околу 100 милиони евра, за 2019 година била во сличен износ, во 2020 година изнесувала околу 70 милиони евра, а во 2021 година околу 60 милиони евра.

– Во 2024 година, кога сегашната Влада ја презеде одговорноста, беше наследена Програма донесена од претходната власт во износ од околу 98 милиони евра. Со ребаланс на Буџетот, износот беше зголемен на околу 115 милиони евра, а во декември беа обезбедени дополнителни средства, со што вкупната вредност достигна околу 137 милиони евра – посочи министерот, пренесува прес-службата на МЗШВ.

Реклама

Трипуновски додаде дека најголем дел од средствата од Програмата за 2024 година биле наменети за исплата на заостанати обврски кон земјоделците.

– Сегашната Програма од околу 98 милиони евра не значи кратење на средствата. Дополнителните средства во 2024 година беа обезбедени со цел да се исплатат наследените долгови од претходната власт –  нагласи министерот Трипуновски, посочувајќи дека во текот на годината, преку ребаланс на Буџетот, се обезбедуваат дополнителни средства за Програмата за директни плаќања, во насока на континуирана и навремена поддршка на земјоделците.