Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Економија

Трипуновски: Креираме политики заедно со земјоделците

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, денеска одржа трибина во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, денеска одржа трибина во општина Кичево, соопшти МЗШВ.

На трибината се разговараше за досегашните активности на Министерството, како и за тековните и идните мерки и политики во секторот земјоделство. Посебен акцент беше ставен на директната комуникација со земјоделците со цел креирање на политики кои ќе одговараат на нивните реални потреби.

– Се наоѓаме во еден земјоделски крај каде што во нашиот регистар има евидентирано некаде околу 1.500 земјоделски стопанства. Најголема застапеност е во делот на пчеларството, сточарството и во делот на полјоделските култури, истакна Трипуновски.

Реклама

Најави дека во идниот период продолжуваат со овие активности и во другите делови од државата.

– Целта е да го опфатиме секој еден наш сограѓанин, секој земјоделец, секоја рурална општина и да разговараме за актуелните теми во делот на земјоделството, посочи министерот.

Тој додаде дека една од главните поенти на ваквите трибини е размена на дискусии со земјоделците, во делот на тоа во каква насока треба да се движат политиките на министерството, на Владата во целина.