Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Економија

Трипуновски: Исплатени околу 20 милиони евра поддршка за земјоделците од почетокот на 2026

Oколу 20 милиони евра финансиска поддршка се исплатени кон земјоделците од моментот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Oколу 20 милиони евра финансиска поддршка се исплатени кон земјоделците од моментот на усвојување на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2026 година, информираше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски во гостување на една од националните телевизии.

Тој посочи дека Министерството во изминатиот период одржало серија состаноци со речиси сите релевантни земјоделски здруженија, со цел заедничко креирање на мерките во годинешната програма.

– Првиот состанок беше одржан пред донесувањето на Програмата, кога ги слушнавме предлозите, идеите и сугестиите од здруженијата. Целта беше мерките да се креираат заеднички и да одговорат на реалните потреби на производителите, истакна Трипуновски.

Реклама

Министерот нагласи дека во рамките на институцијата функционираат потсекторски групи за секој вид производство, во кои членуваат претставници од земјоделските здруженија, науката, бизнис-секторот и администрацијата.

По стапувањето во сила на Програмата, биле одржани и дополнителни состаноци на кои биле презентирани новините и измените во мерките. Трипуновски потенцира дека Министерството останува отворено за сите земјоделци и нивни претставници.