Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Македонија

Трипуновски: Имаме сериозен приоритет, наскоро со гордост пак ќе велиме Македонија е земјоделска земја

Земјоделството ќе се враќа во живот со нови мерки, програми и законски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Земјоделството ќе се враќа во живот со нови мерки, програми и законски решенија. Министерството ги крои новите политики заедно со земјоделските здруженија. Засилена промоција на македонските производи преку што ќе се развива и локалната економија и туризмот. Министерот Трипуновски вели дека во фокусот останува поддршката за македонските земјоделци која што веќе е предвидена во буџетот за 2025 година.

  • „Во новиот буџет за 2025 година каде се предвидува и сериозна поддршка за земјоделците, како и оние субвенции ќе бидат навремени, за дел од нив ќе има и зголемување, инвестиции во водостопанството, во шумарството. Едноставно имаме едно забрзано темпо и сериозен приоритет да кажуваме повторно со гордост дека Македонија е земјоделска држава..“ рече министерот Трипуновски.

Освен промоцијата низ Македонија, Министерството ќе ги промовира македонските производи и надвор од државата. Ќе се одвојат средства и за помагање на бизнисите од помал обем, вели Трипуновски.

  • „Апсолутно ќе продолжиме со поддршката, не на начин на кој што досега тоа се правеше. Ќе одиме преку Агенцијата за финансиска поддршка и практично ќе има посериозен пристап во целата работа. Ќе се следат ефектите, ќе има контрола. Но нашата цел ќе биде да ја продолжиме финансирањето на продажбата од куќен праг…“ вели минситерот.

Министерството веќе изработува програмата за посета на саемски манифестации надвор од Македонија, каде што ќе промивираат домашните производи. Според Трипуновски државата има квалитетни вина, квалитетни земјоделски производи и преработки кои се доста барани низ светот и затоа новите политики ќе се движат во насока на нивна промоција. Таков беше и денешниот настан во Општина Аеродром каде што имаше над 300 изложувачи и 50 здруженија кои ги промовираа своите производи и преработки.