Реклама

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Економија

Трипуновски: Годинава се очекува 25 отсто зголемен род грозје и повисоки откупни цени за поддршка на развојот на македонското лозарство

Зголемување од 25 проценти род во однос на лани, односно берба од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Зголемување од 25 проценти род во однос на лани, односно берба од над 100 милиони килограми грозје се очекувањата за оваа година. Цената за откуп на смедеревката за реколта 2025 година е 18,90 денари, а за вранецот 21,30 денари, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.

Во изјавата дадена пред почетокот на конференцијата „Иднината на лозарството: Иновации, стандарди и одржлив развој“, на која домашни и странски експерти ќе говорат за концепти, активности и предлози за надминување на предизвиците со кои се соочува лозарството, особено во услови на климатски промени, Трипуновски оцени дека тоа претставува сериозен напредок во производството на грозје, што е резултат и на мерките на Министерството за земјодлество.

– Тоа е еден сериозен прогрес затоа што сериозен акцент се вложи во водостопанството, меѓутоа апсолутно работиме во делот на подигање на новите насади. Знаете дека Министерството преку мерки помага и субвенционира подигање нови лозови насади и со самата навремена исплата на субвенциите доволен стимул да ги зголемуваме површините, меѓутоа и да работиме на квантитетот. Она што Министерството го спроведе согласно законот е истакнувањето на производната цена зголемена за 25 проценти истакната од винарските визби. Практично за неколку дена од денес ќе почне бербата на најголемите, односно најзастапените вински сорти, иако на другите таа веќе е во тек, нагласи Трипуновски.

Реклама

Министерот најави дека се работи на зголемување на квантитетот на производство на грозје, а со самото тоа се очекува, вели, и извозот да биде уште поголем во наредниот период.

Извршната директорка на здружението „Вина од Македонија“ Елена Младеновска-Јеленковиќ, рече дека имиџот на македонското вино со години расте на светските пазари, а, вели, расте и извозот.

-Лани имавме, навистина, тешка климатска година и намален род. Оваа година, иако имаше високи температури, родот е сепак подобар од минатата година и очекувам дека ќе се зголеми и производството на вино. На крајот, извозот на вино, кој што година за година е од прилика 50 до 60 милиони евра, е значителен придонес во македонската економија, истакна Младеновска-Јеленковиќ која појасни дека около 85 проценти од тоа што се произведува во Македонија, е извезено вино.

Милица Плетварска Атанасов од Здружението „Повардарски – ВРВ“ порача дека е потребно вклучување на традиционалните методи на производство на автентично македонско вино и негово стандардизирање.

– Покрај следење на процедурите за производство на грозје, исто така имаме следење на процедури за производство на вино. И на крајот на целата таа работа има контрола на крајниот производ, кое што дава една гаранција на потрошувачот. Вино кое што има географска ознака, значи гаранција на пазарот, поголема доверба од купувачите и со надеж поголема продажба и полесно освојување на странски пазари, појасни  Плетварска Атанасов.

Според неа, со оглед на тоа дека околу 60 проценти од извозот е наливно вино, а пак вредносно околу 65-70 проценти отпаѓа на флашираното, винариите треба да се мотивираат наместо наливно да извезуваат вино во шише кое ќе биде произведено според стандардите на географска ознака.