Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Триесетдневен притвор за таткото кој до смрт ја претепа двегодишната ќерка

Триесет дневен притвор за монструмот од Кичево кој до смрт го претепа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Триесет дневен притвор за монструмот од Кичево кој до смрт го претепа сопственото чедо,полицијата која го сомничи за сторено кривични дело убиство, го спроведе во затворот во Битола.Од основното јавно обвинителство нема одговор дали ќе има проширување на истражната постапка и против мајката којатврдела дека наводно девојчето играјќи се, било туркано од другите децата и дека таа го нашла во бесознание.A токму од ОЈО вчера обзнанија дека девојчето било жртва на семејно насилство и дека тоа починало од тешките телесни повреди кои и ги нанел сопствениот татко.Иако девојчето имало скршена коска на черепот, крварење во мозокот и скршеници на две ребра,мајката го сокрила крвничкиот чин со кој таткото му пресуди на своето дете, одземајќи му го животот.

 Во охридската полиција прашавме дали против таткото има кривични пријави за семејно насилство,разбојништво и кражби?

”Во периодот од 2011 до  2023 година, ОВР Кичево има поднесено околу 50  кривични пријави за сторени кривични дела кражба и тешка кражба.Во 2013 година со судски пресуди, Ф.Д.  во два случаи бил осуден на затворска казна во траење од 6 месеци и 1 затворска казна во траење од 3 месеци. До овој момент во ОВР Кичево не е пријавен друг настан за семејно насилство сторен претходно од него “-вели Стефан Димоски,портпарол на СВР Охрид

Реклама

Од Кичевскиот Центар за Социјални работи велат дека за трагичниот настан со претепување на детето,кое после 22 дена почина во болничка постела, воопшто не биле известени од страна на семејството,МВР и други институции.

“Семејно насилство не е пријавувано,но на 21.07.2022 година ЦСР е известен од полицијата дека настанало недоразбирање и расправија помеѓу Ф.Д. и неговата сопруга на ден 26.06.2022 година по која расправија таа го напуштила домот и заминала во Прилеп заедно со децата.После еден месец таа се вратила дома заедно со децата и изјавила дека ги надминале недоразбирањата и продолжиле заедно да живеат.Од тој период до сега не се пријавени никакви проблеми од страна на ова семејство” велат од Центарот за социјални работи Кичево.

Семејството било корисник на гарантирана минимална помош и никогаш кај стручниот работник не е пријавено дека постои некој проблем во семејството.Правото на користење на минимална помош е прекинато на 01.03.2023 година бидејќи таткото не се пријавувал во Агенцијата за вработување. Мајката која се грижела за децата не пријавила пороблем во семејството сочинето од девет члена :мајка,татко и 7 деца од кои најмалото е починатото дете.

Росица Голабоска