Реклама

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Македонија

Триесет уметнички дела донирани на Клиниката за гастроентерохепатологија

Триесет уметнички дела ќе бидат распоредени во просториите, како и во собите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Триесет уметнички дела ќе бидат распоредени во просториите, како и во собите за пациенти на Универзитетската клиника за гастроентерохепатологија. Делата се донација од голем број уметници со цел подобрување на амбиентот за пациентите и медицинскиот персонал. 

На приморедавањето на уметничките дела, директорката на Универзитетската клиника за гастроентерохепатологија, проф. д-р Мери Трајковска, рече дека замолиле што поголем број уметници да им излезат во пресрет за да го облагородат просторот на Клиниката, бидејќи сметаат дека уметноста и хуманоста, како и медицината се на една иста линија. Посочи дека голем број уметници донирале свои дела.

– Благодарни сме што денеска на Светскиот ден на поезијата ја примаме оваа донација, која секојдневно ќе го разубави не само животот на вработените, туку ќе даде еден друг аспект на пациентите кои тука доаѓаат со големи проблеми. Мислам дека ќе им го олесниме престојот. Оваа иницијатива е од локален пример, бидејќи јас во еден за мене тажен момент влегов на Клиниката за пулмологија и ги видов тие прекрасни слики таму и тој омплеменет простор. Се договоривме истото да го направиме и на нашата клиника, рече проф.д-р Трајковска.

Реклама

Организаторот на хуманитарниот настан, кој е вработен на Универзитетската клиника за пулмологија, Сабри Азири изјави дека уметниците донирале 30 дела за Клиниката за гастроентерохепатологија и несебично позитивно одговориле на нивното барање.

– Уметноста е нешто што нас треба да не следи цел живот, треба да креираме дела, бидејќи само тие живеат вечно, рече Азири.

Посочи дека на 14 февруари разговарал со директорката на Клиниката за гастроентерохепатологија, проф. д-р Трајковска во врска со донацијата на вакви слики на Клиниката за пулмологија, каде тој е вработен. 

Според него, сликите влијаат на расположението на пациентите. 

– Менаџментот на Клиниката за гастроентерохепатологија во знак на благодарност на уметниците ќе им подари брендирани пенкала и ќе им бидат врачени благодарници, рече Азири и додаде дека во иднина планираат да организираат донации и за други оддели во Клиничкиот центар. 

Уметникот Данчо Ордев изјави дека голем број уметници секогаш се подготвени да донираат свои дела за клиниките и дека му е задоволството да помогне некому.

Меѓу уметниците кои донираа свои дела за Клиниката за гастроентерохепатологија се: Данчо Ордев, Гоце Божурски, Игор Мишев, Томе Мишев, Дејан Иванов Маргуш, Стефан Хаџи-Николов, Боро Арсовски, Марјан Стојаноски, м-р Емилија Тоциновска, д-р Стојче Тоциновски, Горан Боев, Павле Кузманоски, Невзат Кица, Решат Амети, Владимир Темков, Бурхан Ахмети, Здружението за уметност и култура „Силиндарт“ од Гостивар, Акиме Насуфи Реџепи, Дренуша Пашоли, Ванеса Ода, Лида Шарафатманд, Владимир Лазоски, Тасим Кадрија, Ардиан Кадрија, Имран Зимери, Џоко Антониев и Дејан Божиновски Коска.