Реклама

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Македонија

Трибина со земјоделците од Дојран во рамки на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“

Во присуство на стручниот тим од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во присуство на стручниот тим од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и градоначалникот на Општина Дојран, Илија Тентов, дојранските земјоделци вечерва во селото Николиќ ги претставија проблемите и предизвиците со кои се соочуваат во повеќе земјоделски гранки, во рамки на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“.

На прашањата од земјоделците одговараа Ромео Тренов, директор на Управата за водостопанство и Оливер Ивановски, директор на Државната фитосанитарна лабораторија, при МЗШВ. Присутните жители на Општина Дојран ги изнесоа проблемите што ги имаат со откупот на своето производство, побараа решавање на прашањето за наводнување на селото Николиќ, изнесоа проблеми во пчеларството, како и барање за формирање на подрачен институт за испитување на почвата.

Од страна на директорите на двата органи во склоп на ресорното Министерство кое е носител на кампањата, беа претставени мерките и програмите во земјоделството, а беше посочено и дека досега се исплатени над две милијарди денари субвенции за земјоделците.

Реклама

Кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“ чија цел е остварување на директна комуникација со земјоделците и претставување на земјоделските мерки и политики, утре продолжува во Општина Битола.