Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Македонија

Три лица се лишени од слобода за семејно насилство, со едно извршен службен разговор, вкупно шест пријави во последното деноноќие

Три лица се лишени од слобода за семејно насилство, со едно е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Три лица се лишени од слобода за семејно насилство, со едно е извршен службен разговор. Вкупно шест пријави има во последното деноноќие, соопшти Министерството за внатрешни работи.

На 12.05.2026 во 01:30 часот во СВР Скопје, 43-годишна жена од Скопје пријави дека на 07.05.2026 околу 02:00 часот на подрачјето на општина Гази Баба, нејзиниот сопруг Д.Ј. од скопско, со кого не живеат заедно, физички го нападнал нивниот 13-годишен син, додека бил кај него.

На 11.05.2026 во 10:40 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода О.Д.(52) од Скопје, по претходна пријава дека на 10.05.2026 околу 02:30 часот и на 11.05.2026 околу 08:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Центар физички ја нападнал неговата 47-годишна партнерка, кој употребил и тврд предмет.

Реклама

На 12.05.2026 во 00:35 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода А.К.Ј.(38) од Скопје, по претходна пријава дека на 11.05.2026 околу 22:15 часот во семејниот дом на подрачјето на Карпош физички го нападнала нејзиниот 41-годишен сопруг, при што употребила тврд предмет, а притоа оштетила ѝ дел од покуќнината. Според пријавеното, пријавителот и претходно бил психички и физички малтретиран од неговата сопруга.

На 11.05.2026 во 20:45 часот во Полициската станица Кочани, 40-годишна жена од Кочани пријавила дека, по претходна расправија во домот, нејзиниот сопруг Д.Ј. физички ја нападнал. Според пријавеното, тој и претходно се однесувал агресивно и физички ја малтретирал.

На 11.05.2026 во СВР Охрид е извршен службен разговор со А.В.(37) од охридско, постапувајќи по претходна пријава дека околу 13:30 часот дека физички ја нападнала 55-годишната сестра на нејзиниот сопруг и нејзиниот 37-годишен син, при што употребила и метален предмет.

На 11.05.2026 во 23:40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.Д.(36) од Куманово затоа што физички ја нападнал неговата 34 – годишна вонбрачна сопруга.

Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави, информираат од МВР.