Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Три лица лишени од слобода за семејно насилство, вкупно седум пријави во последното деноноќие

МВР денеска соопшти дека три лица се лишени од слобода за семејно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

МВР денеска соопшти дека три лица се лишени од слобода за семејно насилство, а во изминатото деноноќие се поднесени вкупно седум пријави. 

На 22.03.2026 во 00:30 часот во гостиварско село, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Б.С.(43) од гостиварско, постапувајќи по претходна пријава од неговата 40-годишна сопруга дека физички ја нападнал во домот. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

На 21.03.2026 во 16:20 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино лишија од слобода 73-годишен неготинец, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 72-годишна сопруга, при што употребил и тврд предмет, а и се заканувал и на 26-годишната ќерка. При преземање мерки било констатирано дека бил под дејство на алкохол, односно кај него биле измерени 1,20 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Реклама

На 21.03.2026 во 10:20 часот во Полициската станица Гевгелија 31-годишна жителка на гевгелиско село пријави дека околу 01:30 часот во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот 33- годишен сопруг, при што и нанел повреди на телото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 21.03.2026 во 22:30 часот во Полициската станица Струмица 37-годишна жителка на струмичко село пријави дека околу 20:00 часот во Струмица била физички нападната од нејзиниот 38-годишен сопруг. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 21.03.2026 во 13:05 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода И.К.(37) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговата 19-годишна партнерка дека околу 07:00 часот во нејзиниот дом во Скопје, физички ја нападнал и и упатувал закани по животот. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

На 22.03.2026 во 03:00 часот во СВР Скопје, 43-годишна жена од Скопје пријави дека околу 23:30 часот во семејниот дом во Скопје била физички нападната од нејзиниот сопруг А.К.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 21.03.2026 во 15:00 часот во СВР Скопје 48-годишна жена од Скопје пријави дека на 23.02.2026 околу 11:30 часот во семејната куќа во Скопје била физички нападната од нејзиниот сопруг В.З.(51), кој при тоа и ја фрлил по скалите од вториот кон првиот кат на куќата. Нa жената и била укажана медицинска помош во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.