Реклама

Протест во Скопје против пресудата на Хаг за водачите на УЧК

Фон Дер Лајен ќе го претстави новиот план за проширувањето- Дали е можен пресврт за Западен Балкан?

Филипче обвинува за пуч, Платформата дека шири хистерија

Туризмот расте – Од година во година се повеќе туристи во Македонија

Мицкоски: Со Бугарија имаме билатерален спор, потребна е вклученост на ЕУ за да ги слушне аргументите на двете страни

Мицкоски: Потребни се брзи испораки од ЕУ со цел да се намалат фрустрациите на граѓаните од Западен Балкан

Сиљановска Давкова ја одликуваш научничката Светлана Мојсов со орден „8 септември“ за заслуги во биохемијата

Кочани доби центар за услуги – документи без шетање по институции

Николоски: ќе се гради експресен пат од Радовиш до границата со Бугарија

Цврсто во НАТО, стратешки со САД и со јасни правила за членство во Европската Унија – силни и јасни пораки на премиерот Мицкоски од Њујорк

Мицкоски се сретна со Гутереш: Потврдена одличната соработка меѓу Обединетите нации и Македонија

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Прилози

Трговците ја почитуваат акцијата, производите од новогодишната кошничка поевтиниле, тврди Дурмиши

Трговците ја почитуваат акцијата наречена „Новогодишна кошничка“. Инспекторите постојано вршат контроли кај…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Трговците ја почитуваат акцијата наречена „Новогодишна кошничка“. Инспекторите постојано вршат контроли кај сите опфатени во мерката и не констатирале посериозни прекршоци.

Од мониторингот кој се врши за движењето на цените во изминатите 30 дена, со цел да се провери дали трговците ја злоупотребуваат мерката, пазарна досега не констатирала покачување на цените пред 15- ти декември од кога стартуваше акцијата.

– Во овие пет дена ДПИ регистрира ситни забелешки во смисла на означувањата и ситни корекции на цените кај два-три трговски субјекти. Не се забележани неправилности во поголеми размери. Можам да заклучам дека сите чинители во овој процес го почитуваат договорено, вели Стојкоски.

Реклама

Кошничката досега брои повеќе од 1100 производи. Дали се почитува мерката лично провери и Министерот за економија. Дурмиши оцени дека производите се намалени за 10 отсто и повеќе. Тој апелираше до трговците да го почитуваат договорот што сами го понудиле :

– Оваа мерка беше на иницијатива на трговците, производителите и дистрибутерите, поддржана од страна на Владата. Државниот пазарен инспекторат е на терен за да види дали се спроведува. Апелирам до сите трговци да ја почитуваат мерката додека трае до 15 јануари 2025 како што ја почнаа првите денови затоа што ова е нивна мерка. Најголеми инспектори се граѓаните, ако забалежат изигрување на цените да се јават на бесплатниот број 191 или а ве страната на ДПИ, рече Дурмиши

Акциската листа опфаќа леб и житарици, пекарски производи, месо и преработки од месо, риба, млеко и млечни производи, свежо, замрзнато и конзервирано овошје и зеленчук, одредени пива и вина, безалкохолни пијалоци. Продуктите во маркетите се со обележана налепница „помалку трошоци – повеќе за тебе“, а граѓаните можат да ги проверат и на веб страната моја кошница. Доколку забележат прекршување можат да пријават во пазарен инспекторат