Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Економија

Трета фаза од акцијата за темелно чистење на Делчево

Третата фаза од акцијата за темелно чистење на Делчево продолжува на терен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Третата фаза од акцијата за темелно чистење на Делчево продолжува на терен и прераснува во поширок концепт на брзи и конкретни иницијативи за подобрување на локалната заедница, соопшти градоначалникот Иван Гоцевски.

Како што информираше Гоцевски, во рамки на оваа фаза започнува и иницијативата „Играчите на кратки стази“, која се темели на принципот „Think fast – Act fast“, односно брзо размислување и уште побрза акција за решавање на локалните проблеми.

– Целта е преку кратки и интензивни активности да се создадат практични решенија, да се поттикнат микроиницијативи во заедницата и да се вклучат млади, активисти и институции во заедничка работа, истакна Гоцевски.

Реклама

Во рамки на денешните активности се работеше на уредување на дел од речното корито на Брегалница, како и на расчистување на кејот покрај реката и централното градско подрачје кај паркот во Ново Делчево.

Паралелно, екипите работеле и на расчистување на повеќе мини депонии и запуштени локации со наталожено ѓубре и обраснати грмушки, кои постепено се уредуваат.

Во паркот во Делчево биле засадени и нови дрвја, како дел од акцијата за збогатување на зеленилото во градот.

Од општината најавуваат дека со подобрувањето на временските услови ќе продолжат активностите за чистење и уредување, при што фокусот ќе биде ставен не само на јавните површини во градот, туку и на дивите депонии пријавени од граѓаните.

Според Гоцевски, преку концептот „Играчите на кратки стази“ се очекува да се појават нови идеи и брзи микроакции кои ќе дадат конкретни резултати, но и ќе придонесат за зајакнување на културата на општествена одговорност и заедничка грижа за градот.

– Заедно го правиме Делчево почисто, поубаво и поодговорно место за живеење, порача градоначалникот.