Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Прилози

Tрет ден од мерката за ограничени цени и замрзнати маржи: Негде ознаките се невидливи, а во еден супермаркет воопшто ги нема

Трет ден од кампањата на Владата „Помалку трошоци, повеќе за тебе“. Најголем…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Трет ден од кампањата на Владата „Помалку трошоци, повеќе за тебе“. Најголем дел од маркетите го почитуваат законот и на рафтовите ставија налепница која на потрошувачите им покажува дека производот е со ограничена цена и замрзната маржа. „Алфа“ и  денеска направи обиколка низ неколку трговски ланци и забележавме дека еден познат маркет, не го почитува законот.

Иако производите во овој маркет секојдневно се поевтини, сепак немаше ниту една налепница со владината кампања на ниту еден производ опфатен со оваа мерка. Во некои од маркетите имаше налепници, но беа многу мали и речиси незабележливи за потрошувачите.

Граѓаните генерално се задоволни. Велат дека ваквата мерка од Владата е добредојдена и дека на овој начин е ублажен ценовниот шок. Некои не забележуваат големи промени во цените, но вината за тоа ја лоцираат кај трговците.

Реклама

Дел од граѓаните пак сметаат дека ваквата мерка многу не им помогнала заради тоа што трговците уште од претходно ги покачија цените.

Деновиве од Комисијата за заштита на конкуренцијата објавија дека четири големи маркети и една стопанска комора вршеле картелско работење за да влијаат на цените, поради што е поведена и прекршочна постапка.  

Над 1000 производи од четвртокот па до крајот на април треба да се продаваат поевтино. Инспекторите секој ден се на терен и ги чешлаат маркетите. Од пазарниот инспекторат соопштија дека 20 тимови ќе контролираат во Скопје, а 13 во останатите градови низ Македонија. Директорот на пазарниот инспекторат Влатко Стојкоски рече дека доколку се утврдат неправилности во работата на маркетите, казните се до 10.000 евра.

Со ограничена бруто-профитна маржа од пет отсто се продаваат млекото, лебот, брашното, маслото за јадење, јогуртот и киселото млеко. Месото и преработките од месо, шеќерот, млечните производи, маргаринот, путерот, конзервираниот зеленчук и овошје, гравот, оризот и тестенините ќе имаат ограничена маржа од 10 отсто. На 15 отсто се ограничува на средствата за хигиена, свежото овошје и зеленчукот, детергентите, бебешката храна, пелените. Како највисока цена што треба да се земе за ограничувањата е онаа што важела на 1 февруари годинава.

Љубиша Владимиров