Нова стратегија за демографска отпорност 2026–2046, чиј фокус се младите, семејствата, пазарот на труд и квалитетот на животот. Претседателот на Владата Христијан Мцкоски порача дека со оваа стратегија целта е да се превенира иселувањето на младите, а суштината на демографските политики не е само во бројките, туку во довербата што граѓаните ја имаат во институциите и можноста тука да создадат семејство, кариера и сигурна иднина.
„Прво мора силно да инвестираме во човечкиот капитал, без квалитетно образование, достапно здравство, нема економија што може да биде конкурентна. Второ мора да ги зајакнеме семејствата и младите, тие не смеат да ја доживуваат државата како место кои мораат да заминат. Трето мора да создадеме вистински инклузивни општества, ниедна категорија да не остане на маргините, сите да бидат вклучени во економски и јавен живот.“– вели претседателот на Влада, Христијан Мицкоски.
Во таа насока, министерот Муцунски оценува дека иселувањето и одливот на млади влијаат врз економскиот развој и меѓународната позиција на државата. Тој нагласи дека вклучувањето на дијаспората има клучно значење за идниот развој.

„Нашата дијаспора претставува огромен потенцијал и природен мост меѓу државите во светот поврзувајќи ги луѓето, економиите, знаењето и новите можности. Затоа преку новата стратегија за соработка со дијаспората 2025 – 2030 година сакаме да изградиме посилни и подинамични врски и да излеземе од рамките на традиционалните дознаки кон долгорочни инвестициски и развојни партнерства.“– вели министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.
Од меѓународната заедница порачаа дека демографските предизвици треба да се решаваат преку регионална соработка и заеднички политики, што ќе создадат можности за младите генерации.
„Потребно е да се финансираат суштински услуги како образование, здравството и социјалната заштита каде што ќе има партиципивна акција со кој што ќе се намали ранливоста и ќе се надминат нееднаквостите и ќе се намали социјалното исклучување.“- вели Пио Смит од УНФПА.
На дводневната конференција во Скопје учествуваат министри, претставници на меѓународни организации и експерти од регионот, а фокусот е ставен на креирање политики за демографска отпорност и задржување на младите дома.
