Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Траорна атмосфера во шаторите пред Уставниот суд во пресрет на утрешната седница за Законот за употреба на јазиците

Веста од Вашингтон за Груби ги испразни поставените шатори на ДУИ пред…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Веста од Вашингтон за Груби ги испразни поставените шатори на ДУИ пред Уставниот суд. Само неколкумина верни партиски приврзаници останаа во таканаречената одбрана на албанскиот јазик што се обиде да ја продаде Ахмети. Дека вештачки создадениот балон за некаква си одбрана на интересите на Албанците е веќе пукнат се виде уште вечерта кога осамна вест за Груби.

Ова беше реакцијата на Османи и Адеми кога на своите телефони ја читаа лошата вест што им пристигна од Вашингтон, со која практично им падна во вода тезата за некакво си угнетување на Албанците.  За многумина оваа драма на ДУИ очигледно беше само закана и притисок врз судиите.

Во тензично исчекување на утрешната седница, јавноста веќе виде дел од рефератот на судијата од Уставен кој утре треба да реферира. Според информациите на порталот 360, Уставен ниту ќе го укине, ниту ќе ја запре примената на Законот бидејќи е втемелен во Уставот. Конкретно според пишувањата, Уставен смета дека треба да се поведе постапка за симболите на парите и употребата на албанскиот јазик во кривичните постапки, но не и за униформите, документите од матичните книги и употребата во институциите кадешто доминира албанското население.

Реклама

За дел од овие забелешки се произнесе и Венецијанската комисија во 2019-та. Професорката Татјана Каракамишева, не сака да го коментира рефератот од Уставен се додека не е официјално донесен на седница, но потсетува на забелешките на комисијата коишто се однесуваат на примената, делумно на содржината, но и на начинот на кој е донесен законот.

За поранешната судијка во Судот за човекови права во Стразбур, Маргарита Цаца Николовска, пак уште поалармантни се најавите за бојкотот на двајцата судии. Јавноста мора да ги знае аргументите за нивните одлуки.

Уставен суд треба да одлучува по 13 иницијативи поднесени од 46 експерти, професори и претставници од политички партии коишто оспоруваат 18 членови.

Во иницијативите се наведува дека Законот не бил донесен со двотретинско мнозинство и дека не бил разгледан од релевантните собраниски тела. Оспорен е и фактот што Законот е објавен без потпис на тогашниот шеф на државата, Ѓорге Иванов.

За името албански јазик во заграда, употребен е термин кој го нема во Уставот, стои во иницијативите. Спорна е и употребата во матичните книги, личните документи и пасошите, во кои не е наведена употребата на јазикот кои го зборуваат  другите заедници.

Исто така, во овие иницијативи се оспорува и постоењето на Агенција за примена на јазикот, бидејќи од Агенцијата исклучени се сите заедници, освен албанската.