Реклама

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

Економија

Транспортерите утре ќе ги блокираат граничните премини во знак на револт против Шенген правилата на ЕУ

Точно напладне во понеделник превозниците ќе блокираат 10 гранични премини со 370…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Точно напладне во понеделник превозниците ќе блокираат 10 гранични премини со 370 камиони револтирани поради новите правила за влез и излез од Шенген зоната. Затворени исклучиво за товарен сообраќај ќе бидат премините Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блато и Блаце, а Табановце – Прешево ќе биде затворен од српска страна. Билјана Муратовска од здружението Макамтранс вели дека првите 12 часа ќе бидат затворени премините само за товарен сообраќај за излез од Македонија, а на полноќ и оние за влез во земјава. Тоа значи дека преминувањето за граѓаните останува отворено. Ќе се направи исклучок само за пропуштање на камиони со лекови, жива стока или експлозиви и муниција. Планот е протестите да продолжат во текот на следните 7 дена. Целосна блокада на граничните премини од утре почнува и во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Досега се депортирани над 300 возачи од овие држави со прекувремен престој во Шенген зоната. Освен што возачите се третираат како криминалци, трошоците за казни, престој и нивно враќање секогаш паѓаат на товар на компаниите. Превозниците алармираат дека ако Унијата не најде начин да им дозволи на возачите да останат подолго од 90 дена во период од 180 дена, односно повеќе од 180 дена годишно тоа ќе значи колапс за македонската, но и регионалната економија. Значително ќе забави превозот на репроматеријали, суровини, техничка роба и стоки за широка потрошувачка. Капацитетите се намалени за околу 30% поради недоволен број на возачи. Ако одредбите останат исти, ќе треба да се ангажираат возачи од Унијата кои се неколккратно поскапи. Тоа, според Муратовска ќе доведе до поголеми трошоци за превоз, што ќе удри врз цените на крајните производи, а со тоа и врз инфлацијата.

И од Стопанската комора алармираат дека новите правила за влез и излез ќе предизвикаат големи проблеми за бизнисот. Особено гневни биле странските инвеститори кои вршат увоз на делови, а извезуваат готови производи во Унијата, на кои значително ќе им забави транспортот. И покрај апелите да се најде решение за превозниците постојано да возат, одговор од Европа нема. Нивната стратегија вклучува разговори со секоја земја посебно за да се најде решение. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вели дека Владата е на страната на транспортетите и сериозно го сфаќа проблемот. Речиси цела година се преговарало со Унијата, но не наишле на разбирање. Последно портпаролот на Комисијата за внатрешни работи, Маркус Ламерт рече дека нема никакви измени во правилата. Сепак, Николоски вели дека превозниците не се туристи, но и не можат да извадат работна дозвола бидејќи најчесто немаат еден работодавач во конкретна држава, земја членка на Шенген зоната.