Реклама

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Град Скопје ги ослободува младите брачни парови од плаќање комуналии за изградба на куќа

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Свет

Трамп по обновените судири најави разговори со лидерите на Тајланд и Камбоџа

Претседателот на САД, Доналд Трамп, синоќа изјави дека планира да интервенира поради…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на САД, Доналд Трамп, синоќа изјави дека планира да интервенира поради обновените судири на границата помеѓу Тајланд и Камбоџа. Тој наведе дека е можно телефонски да разговара со лидерите на двете земји. „Малкумина можат да се јават по телефон и да ја спречат војната помеѓу две многу моќни земји, Тајланд и Камбоџа“, наведе Трамп при синоќешната посета на американската сојузна држава Пенсилванија.

Околу шест недели по потпишувањето на мировен договор, Тајланд и Камбоџа вчера соопштија за тешки борби долж 800-километарската граница. Повеќе од 500.000 луѓе се евакуирани од пограничните области во Тајланд и во Камбоџа по обновените судири. Двете страни меѓусебно се обвинуваат за продолжувањето на непријателствата, во кои, според најновите официјални податоци, загинаа најмалку 11 лица – седум камбоџански цивили и четворица тајландски војници.