Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Трамп, Мерц – десничарите го освојуваат светот – Мицкоски во старт се позиционираше со победниците

Новиот политички курс во ЕУ и САД, предводен од германецот Мерц и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Новиот политички курс во ЕУ и САД, предводен од германецот Мерц и од Трамп и во кој доминира десничарската идеологија дефинитивно ја менува глобалната сцена, а Македонија за прв пат успеа на време да се позиционира на страната на победниците. Блиските врски на Мицкоски со администрацијата на Трамп, но и добрите контакти со германските конзервативци може да и обезбеди на Македонија подобра позиција на меѓународна сцена. Посебно што во рамките на Европската народна партија (ЕПП), која ја обединува голем број на десничарски ориентирани партии во ЕУ, Македонија може да добие поголема поддршка во процесот на евроинтеграции.

Последните неколку изборни циклуси во многу држави членки на ЕУ навестуваат промена на политичкиот спектар. Јакнењето на десницата е се поочигледно во многу од државите во ЕУ и секако по победата на Трамп во САД тој нов почеток односно нова епизода во идеологијата на САД и ЕУ, се преслика и во резултатите од изборите на Германија. Се знае дека имаме добри односи со ЦДУ. Останува да видиме дали новата влада ќе ги вклучи досегашните и ќе се направи некаков исклучок, или ќе бидат тоа само партиите што победија. Сметам дека новоформираната влада ќе биде формирана од десницата што ќе значи една дополнителна можност за продлабочување на односите помеѓу Македониаја и Германија. Односите и до сега биле добри, и во рамки на ЕПП, но и на билатерално ниво, а исто така Германија од секогаш ен поддржувала. Сметам дека сега со ова дополнително ќе се зголеми соработката, поддршката, вели поранешниот вицепремиер за евроинтеграции Васко Наумовски.

Експертите ги поздравија дипломатските активности на македонската делегација, која во краток временски период, три пати го посети Вашингтон. Премиерот Мицкоски таму оствари средби со клучни политички актери во американската администрација.

Реклама

Имавме три посети на Вашингтон во кратко време, сметам дека настапот на Мицкоски на значаен политички настан, придонесе за подобрување на атмосферата, запознавање со политичките актери со кои делат иста идеологија. Видовме дека присуствуваа голем број важни личности, републиканци, политичари, американска администрација. Имавме можност да ги претставиме нашите позиции, додава Наумовски.

Фокусот на Владата во овој период на поле дипломатија е што повеќе да се лобира кај стратешките партнери САД но и голем дел од земјите членки на ЕУ за поголема поддршка за македонските евроинтеграции. Експертите очекуваат поголем ветер во грб за премиерот Мицкоски од земјите предводени од десничари.