Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Македонија

Трајков се сретна со унгарскиот министер за европски работи, Јанош Бока

Заменик министерката за европски прашања, доц. д-р Викторија Трајков, оствари работна средба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заменик министерката за европски прашања, доц. д-р Викторија Трајков, оствари работна средба со унгарскиот министер за европски работи, Јанош Бока на која главна тема беа перспективите за проширување на Европската унија и понатамошното зајакнување на стратешката соработка помеѓу Македонија и Унгарија во рамките на пристапниот процес на Македонија кон ЕУ.

На средбата, Трајков и Бока ја истакнаа значајната поддршка што Унгарија  ја дава на нашата земја, особено во поглед на европската агенда. 

Министерот Бока истакна дека македонската влада, преку спроведување на неопходните реформи покажува силна волја за европските интеграции, а Унгарија е подготвена да ја сподели својата експертиза и искуства за да помогне во тој процес.

Реклама

Од своја страна, заменик министерката за европски прашања, Трајков потенцираше  дека приоритетот на Владата е интензивирање на реформите, особено во клучните области како што се владеењето на правото, јавната администрација и борбата против корупцијата. 

Таа истакна дека поддршката од земји – членки на ЕУ, како што е Унгарија, е од исклучителна важност за да се забрза пристапниот процес и да се постигнат конкретни резултати. Министерката додаде дека соработката со Унгарија е од голема корист во насока на спроведувањето на европските стандарди.

Покрај разговорите за евроинтеграциите, двајцата соговорници дискутираа и за можностите за зголемување на економската соработка меѓу двете земји. Тие се согласија дека отворањето нови економски можности ќе придонесе за натамошен развој, како и за поголема конкурентност на нашата држава на европскиот пазар.

На крајот од средбата Трајков и Бока се согласија дека соработката и пријателството помеѓу двете земји продолжува и понатаму а Унгарија останува целосно да ја поддржува нашата земја во својот евроинтегративен пат.