Реклама

Во Прилеп се одржа едукативен соларен саем за искористување на обновливите извори на енергија, посебно сончевата

Потребни се радикални чекори за враќање на довербата во судството: Уставниот суд бара поголема отвореност и одговорност

Хаг ја отвори Пандорината кутија: Ако водството на УЧК во Косово се воени злосторници, што е со водството на УЧК во Македонија?

Хаг ги осуди за воени злосторства водачите на ОВК – Хашим Тачи доби казна од 25 години затвор

Фон Дер Лајен пред Европскиот Парламент: Канада доби историска покана од ЕУ, Македонија и Западен Балкан нови патокази за членство

Николоски: Со решавање на проблемот со превозниците до поголем пристап на европскиот пазар

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

Економија

Трајановски: Решен и саниран повеќе деценискиот проблем со мостот на река Вардар кај Башино село и целосно ставен во функција

Решен и саниран повеќе деценискиот проблем со мостот на река Вардар кај…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Решен и саниран повеќе деценискиот проблем со мостот на река Вардар кај Башино село и целосно ставен во функција. Во ова денеска се уверивме заедно со премиерот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за транспорт Александар Николоски, градоначалникот на Велес Марко Колев, како и пратениците од регионот, но и професорите од Градежниот факултет, објави директорот на Јавно претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски.

-Овој мост кој поврзува повеќе населени места Велес, Чашка, Извор и Богомила, има голема фреквенција на автомобили, на полесни товарни возила и комбиња, но и на шлепери, и подолг временски период имаше видливи оштетувања. Изграден е далечната 1971 година и оставен сам на себе. Сериозната состојба на мостот беше причина да побараме стручно мислење од Градежниот факултет, од каде на почетокот на годинава беше наложено да се затвори и итно да се санира, додаде Коцевски.

Еве не денес повторно на мостот на река Вардар кај Башино село, но овој пат да ја известиме јавноста дека ова е веќе безбеден мост, саниран мост и дека не треба повеќе да се грижат кога ќе поминуваат низ него.

Реклама

Тој упати едно големо благодарам на професорите на Градежниот факултет во Скопје кои помогнаа да биде монтирана најсовремена опрема под самиот мост, која врши мониторинг 24 часа, и секое движење по мостот се евидентира, на Изведувачот на работите „Синтек инженеринг“ ДООЕЛ Скопје кој работите ги започна на 21 март, кој работеше забрзано и кој ги исполни нашите очекувања и еве денес веќе имаме саниран и безбеден мост. Оваа завршена санација на мостот кај Башино Село треба да му го продолжи неговиот век на користење за 5 до 10 години.

Инаку, при градежните работи се третираше долниот дел од мостот, се постави нов вид материјал на столбовите за да се зацврстат, и со најсовремено решение се третираше мостот од внатре. Се работеше на нивна заштита, се направи армирање на носачите на мостот коишто беа оштетени и се изврши нивно наново бетонирање, како и зајакнување од нивната долна страна. Се правеа активности за челичење елементи со што се зацврстија столбовите, и се поставија челични врски на столбовите, со што беше Реконструкцијата на мостот беше финансирана од ЈПДП, а проектот беше во вкупна вредност од 29.045.170,18 денари или околу 472.000 евра со ДДВ, потенцира Трајановски.

Целата објава може да ја погледнете на следниот линк: