Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Традиционален божикен коњанички марш во Кучково

На првиот ден на Божиќ во село Кучково традиционално се одржа коњаничкиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На првиот ден на Божиќ во село Кучково традиционално се одржа коњаничкиот марш, кој веќе десетта година по ред го организира здружението „Златна потковица“, со помош на општината Ѓорче Петров.

„Овој ден го одбележавме како една традиција коњички марш за време на празникот Божиќ и воедно да оддадеме почит на еден монах кој имал многу заслужено за еден манастир во Кучково. Секоја година имаме од десет до петнаесет коњи што учествуваат на овој марш. Значи да го одбележиме денот како што било на времето по традиција стара“, изјави Миле Трајковски претседател на здружението „Златна потковица“ и организатор на божиќниот коњанички марш.

Десетина коњаници од Ново Село и Кисела Јабука тргнаа од пред школото „Тихомир Милошевски“ и јаваа се до манастирот Свети Ѓорѓија. На некои ова им беше првпат да учествуваат и посакаа настанот да премине во долга традиција.

Реклама

Најмладиот учесник годинава имаше само 11 години. Коњаниците првата пауза ја направија среде селото во Волково каде беа дочекани со греана ракија и мекици, а додека во позадина се слушаа зурли и тапани локалните жители заедно со девојки во традиционална македонски носи, ги вртеа старите македонски ора.

На крајот коњаниците го продолжија маршот до црквата свети Ѓорѓија, каде ги пречекаа ѓорчепетровци со убава дружба и традиционална трпеза.

Љубиша Владимиров