Реклама

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

„Преку Езерото“ го раздвижи Дојран како никогаш досега – локалната власт ќе ја прошири поддршката за фестивалот

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Откако се „потрошија“ водејќи инает со власта за изборните правила, СДСМ и Левица се испокараа меѓу себе

Нов случај на врсничко насилство – девојче од Куманово тепано и понижувано

Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Прилози

Траат внатрепартиските анкети: Во текот на летото ќе се знае со кого ВМРО ДПМНЕ ќе трча за Град Скопје

Во текот на летото ќе се знае кој ќе биде кандидат на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во текот на летото ќе се знае кој ќе биде кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Град Скопје, ова го очекува министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. Во моментов траат внатрепартиските анкети, каде се оценуваат повеќе потенцијални имиња, а според него тој што ќе најдобар на истите ќе биде иден прв човек на Скопје.

-Името за Град Скопје очекувам да дојде во текот на летото, иако постојат и јавно се познати дел од имињата кои што доаѓаат од ВМРО-ДПМНЕ, има и други заинтересирани, така што се анкетираат во моментов и очекувам дека во средината на летото ќе имаме резултати. Секако дека имам и мои лични фаворити и фаворити на партијата, но ќе оставам органите и телата на партијата тоа да го соопштат. Очекувам дека анкетите ќе покажат дека некој кој што е партиски член или активист ќе биде најдобар на анкетите и наш прв избор, изјави Андоновски.

Во втората половина на мај пак треба да се знаат најголемиот број на кандидатите за другите општини. Андоновски вели дека во партијата се задоволни од мерењата на јавно мислење и очекуваат уште поголема победа во однос на минатите избори.

Реклама

-Процесот е во тек, започна уште во почетокот на годината за сондирање на состојбите кои што се во општеството, колку граѓаните се задоволни од сегашните градоначалници, колку сметаат дека можеби некој треба да има промена и кое име сметаат дека најдобро би ја вршел задачата. Првиот бран на одлуки ќе биде во втората половина на мај за определени општини каде што веќе тоа е кристално јасно, голем дел од постоечките градоначалници ќе трчаат и втор пат, изјави Андоновски.

Вантрепартиските анекти траат и во опозициската СДСМ. Претседеталот на партијата Венко Филипче не отфрли можна коалиција со ДУИ и Таравари, ќе разговарал со сите политички партии, по што ќе се знае како ќе се настапело на локалните избори.

Матеја Петровски