Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Трајков: Владата е силно посветена на борбата против корупцијата

Заменик-министерката за европски прашања Викторија Трајков денеска одржа состанок со експерти од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заменик-министерката за европски прашања Викторија Трајков денеска одржа состанок со експерти од оценската мисија за борба против организираниот криминал и корупцијата, кој се спроведува со претставници на надлежните институции од Македонија и високи европски претставници.

Како што информира Министерството за европски прашања, заменик-министерката Трајков ја истакна важноста на процесот на следење и имплементација на препораките од претходните оценски мисии, како и значењето на овој процес во контекст на европската интеграција на државата.

– Владата е силно посветена кон зајакнување на владеењето на правото, транспарентноста и борбата против корупцијата, како и кон унапредување на соработката со Европската Унија во рамките на пристапниот процес. Овој состанок претставува можност за конструктивен дијалог, размена на искуства и зајакнување на институционалната соработка со цел унапредување на владеењето на правото – порача Трајков.

Реклама

Оценската мисија, како што се наведува, се реализира со учество на експерти од земјите членки на Европската Унија и претставници на Европската комисија, а нејзина цел е да се направи детаљна анализа на напредокот во областа на конфискација на имот, квалитетот на истрагите и судските постапки, како и справувањето со корупцијата во контекст на јавните набавки.

Од Министерството за европски прашања нагласуваат дека во текот на мисијата се одржуваат состаноци со претставници на судската власт, Обвинителството, органите за спроведување на законот, како и со институции надлежни за спречување на корупцијата, финансиска контрола, управување со конфискуван имот и јавни набавки. Посебен акцент се става на квалитетот и ефикасноста на истрагите, институционалната координација и примената на посебни истражни мерки.