Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Економија

Тозиевски: Со поддршка од Владата на ВМРО-ДПМНЕ, во Ресен се реализираат капитални проекти

Градоначалникот на општина Ресен, Јован Тозиевски, во рамки на вчерашниот поткаст „ВМРО-ДПМНЕ…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на општина Ресен, Јован Тозиевски, во рамки на вчерашниот поткаст „ВМРО-ДПМНЕ зборува со вашиот градоначалник“, ги истакна клучните предизвици со кои се соочила локалната самоуправа при преземањето на функцијата, како и резултатите постигнати со посветена, чесна и вредна работа.

„Наследивме навистина една страшна слика, блокирана општина, закочени проекти, бонитетот на општината беше буквално доведен до минимум, јавното претпријатие колабирано. Ние после две години успеавме не само да ја одблокираме сметката, туку да располгаме со средства, солидно да котираме, да може да реализираме проекти и нормално да го вратиме бонитетот на општината“, вели Тозиевски.

Тозиевски посочи дека со јасна визија и силна волја, општина Ресен бележи конкретни резултати. Тој подвлече дека зголемена е реализацијата на проекти, се вратила довербата во институциите и ја истакна грижата за иднината на Преспа. Тој додава дека Преспанското Езеро коешто е симбол на природната убавина и националниот идентитет, конечно добива внимание какво што заслужува.

Реклама

„Најтешкиот, или најмакотрпниот приоритет е Преспанското Езеро, каде што за прв пат имаме слух и од Владата и од ЕУ. Да почнеме да си го враќаме сјајот на Преспа. За некои интереси во минатото дури се укинал и урбанистичкиот план на Преспанското Езеро што е предуслов за развој. Ние во моментов реализираме еден проект „ЕУ за Преспа“ и опфаќа грантова шема за земјоделие, туризам, животна средина, во делот на туризам имаме и некаде околу 130 километри пешачко-велосипедски патеки, специјални возила за собирање на смет и садови за селекција на отпад. Ние не застануваме тука, ние продолжуваме да ја надоградуваме оваа приказна и нормално со средства од Владата и сега со сопствени средства можеме да влеземе во поголеми инфраструктурни проекти и остатокот од населените места да бидат опфатени. И во еден период цела Преспа, што заслужува апсолутно да биде на пиедесталот по убавина, да биде опфатена со овој систем“, објасни Тозиевски.

Тозиевски објасни дека покрај проектот „ЕУ за Преспа“, вреден 20 милиони евра кој вклучува капитални инвестиции во канализација, туризам, заштита на животна средина и рурална економија, дополнително општината учествува со 19 проекти на двата повика од Владата. Тој додаде дека е од огромно значење поддршката од страна на Владата за реализирање на капитални проекти.

„Најдоброто што можеше да се случи, ова е сериозна инјекција после таков тежок период. Ние закрепнувавме во тешкиот период, стигнавме до позитивата и со ова дополнително се надоградуваме. И со ваква динамика и темпо јас сум сигурен дека нема да има општина каде што нема да има развој во инфраструктурните, во капиталните инвестиции на општините и е премногу значајно“, заклучува Тозиевски.