Реклама

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Македонија

Тошковски: Земјите треба да бидат целосно јасни во својата миграциска политика

Министерот за внатрешни работи во посета на Будимпешта каде учествува на 7…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за внатрешни работи во посета на Будимпешта каде учествува на 7 Министерска конференција во рамки на Будимпештанскиот процес. Министерот Тошковски се обрати во рамки на сесијата на која министрите го усвоија Планот за акција на Будимпештанскиот процес 2025-2030 кој во себе содржи шест приоритетни цели како спречување на нерегуларна миграција и борба против криумчарење мигранти и трговија со луѓе и зајакнување на соработката во областа на граничното управување и зајакнување на постоечките политики и патишта за легална миграција и мобилност.

Министерот Тошковски во своето обраќање потенцираше дека земјите треба да бидат целосно јасни во својата миграциска политика – или ќе имаат отворени граници без никакви рестрикции или ќе стават јасно до знаење кои се условите за претстој во нивните земји.

„Јас лично сум во првите редови на поборниците за регионална, мултилатерална, па и интерконтинентална соработка во секоја област. Македонија – за среќа или несреќа – спаѓа во земјите каде што илегалните мигранти, па дури и оние кои поднеле барање односно изјава за намера за поднесување азил, ја напуштаат територијата на земјата во првата дадена прилика. Миграцијата е европски предизвик кој бара европски одговор. Оваа изјава ја слушаме се почесто и за волја на вистината, успех е што стигнавме и до неа. Беа потребни – еве веќе – десетина години за да се соочиме со фактот дека еден ист предизвик односно неговото справување бара заеднички и униформиран одговор. Пактот за азил и миграција е патот напред и за земјите членки на Унијата, но и за нас, аспирантите кои – кога тогаш – ќе мораме да го спроведуваме или да го осигуриме неговото спроведување.“, потенцираше министерот Тошковски.

Реклама

Тошковски на крај изрази надеж и сигурност дека Будимпештанскиот процес ќе продолжи да расте со заземен пристап заснован на почитување на човековите права, со заштита на ранливите лица и спречување на расизам, дискриминација и ксенофобија, а нерегуларната миграција ќе биде една тема од минатото и ќе зборуваме во контекст на успехот што сме го постигнале во нејзино сузбивање.

Mинистерот Тошковски оствари билатерална средба со државниот секретар на Државниот секретаријат за миграција на Швајцарија Кристин Шранер Бургенер. На средбата беше разгледана досегашната успешна соработка помеѓу МВР и министерството за правда и полиција на Швајцација, во борбата против илегалната миграција и криминалот со криумчарење на лица. Врз основа на потпишаниот Меморандум за разбирање меѓу Швајцарскиот федерален совет и нашата влада за воспоставување на партнерство за миграција се разговараше за идните чекори во регулирање на аспекти како реадмисија на државјани, лица без државјанство и државјани на трети земји.

Втора билатерална средба министерот Тошковски оствари со министерот за внатрешни работи на Пакистан, Сајед Мохсин Раза Накви која историски е прва средба на министри за внатрешни работи на Пакистан и Македонија и прва средба со министер на земја на потекло на мигранти.  
На средбата министрите изразија надеж за плодна соработка и ги договорија следните чекори за потпишување на договор за реадмисија што е посебно важно бидејќи Пакистан е земја на потекло на миграцијата. На покана на министерот Накви се очекува во следниот период наша делегација да го посети Пакистан со цел институционално регулирање на борбата со нелегалната миграција.

Исто така на маргините на конференцијата Тошковски имаше разговор и со турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја на која беше договорена средба која би се одржала во Анкара во текот на месец декември, во насока на зајакнување на досегашната успешна соработка.