Реклама

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Собранието оддаде почит на жртвите од Сребреница

Побрз транспорт на стока во ЕУ преку Хрватска

ВМРО-ДПМНЕ фрли ракавица на СДСМ и Левица: Ќе прифатат се што ќе понуди опозицијата, само да гласа дијаспората

Николоски: Работиме на железничко поврзување на Македонија со Албанија и воведување меѓуградски возови

Ниски политички удари во Собранието- Битиќи ги навреди сметководителите, во обид да ја омаловажи министерката за финансии

Рекорден раст – речиси два милиони патници на македонските аеродроми во првите шест месеци од годинава

Македонија

Тошковски за пожарот во Кочани: Во моментов се сослушуваат сведоци коишто се поврзани со кривичниот настан

Се преземаат активности по насоки на Јавното обвинителство и колку што сум…

Сподели:

Се преземаат активности по насоки на Јавното обвинителство и колку што сум информиран во моментов се сослушуваат одреден број на сведоци коишто се поврзани со кривично правниот настан, вели министерот за внатрешни Панче Тошковски кој денеска во Штип одговараше на новинарско прашање дали има нови моменти околу истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во којшто животите ги загубија 62 млади луѓе. Тој истакна дека не би имал што друго да додаде, бидејќи истрагата се уште трае.

-Во овој момент истрагата се уште трае се собираат докази, се постапува по насока на Јавното обвинителство, штом има нови моменти јавноста од страна на Јавното обвинителство ќе биде запознаена за сите оние чекори коишто ќе следат во иднина, вели Тошковски.

Министерот за внатрешни работи, Тошковски беше прашан и за истрагите за опожарените возила низ државата, на што тој одговори дека во изминатиот период имало повеќе опожарени возила.

Реклама

-Во однос на дел истрагата е затворена поднесани се обвиненија, во однос на дел од постапктите коишто се водат во Министерството за внатрешни работи во соработка со Јавно обвинителство се собираат докази, се постапува. Така да за секој предмет за којшто има затворено истрага обезбедени се докази, истите се процесуирани и се надевам дека најбрзо што може ќе се постапи од страна на судовите и ќе се донесат осудителни пресуди за сите оние коишто сториле таков тип на злодело, изјави Тошковски.

Министерот за внатрешни работи, Тошковски денеска во Штип присуство на 14. Годишно собрание на ИПА Македонија, кое е од меѓународен карактер. Забележа дека очекува членовите на Меѓународното полициско здружение-ИПА Македонија ќе разменат искуствата, идеи и програми со гостите кои денеска се во Штип, а се со цел како подобро да соработуваат меѓу себе и како да допринесат во општеството со сите нивни активности.

Претседателот на ИПА Македонија, Игно Стојков истакна дека ова меѓународно здружение е формирано во 1950, а во нашата земја е основано во 2011 година. Членовите се активни, пензионирани и поранешни припадници на МВР, Агенцијата за национална безбедност, Финансиската полиција, ОТА и членови на други безбедносни институции во Македонија.