Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Македонија

Тошковски: Водата во Гостивар сѐ уште не е безбедна за пиење, смее да се користи исклучиво како техничка

Водата во Гостивар сѐ уште не е безбедна за пиење и смее…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Водата во Гостивар сѐ уште не е безбедна за пиење и смее да се користи исклучиво како техничка, соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по денешниот состанок на Главниот штаб за управување со кризи. За да се прогласи водата за исправна, ќе бидат потребни три последователни позитивни резултати од сите мерни точки.

Тошковски нагласи дека квалитетот на водата и понатаму варира, поради што остануваат на сила претходните препораки, а водата не смее да се користи за пиење и за приготвување храна. Институтот за јавно здравје, Агенцијата за храна и ветеринарство и инспекциите на јавните водоводни претпријатија ќе го зголемат континуитетот на мерењето.

– Почесто ќе се мери, така да штом ќе имаме три последователни, како што и соопштивме претходно, штом ќе имаме три последователни резултати на исправна вода за пиење на сите мерни точки коишто ги имаме во градот, тогаш ќе соопштиме на сите граѓани дека водата ќе може да биде и за пиење, освен за употреба како што се употребува досега како техничка вода – рече Тошковски.

Реклама

До стабилизирање на состојбата, тој додаде дека продолжува доставата на флаширана вода до граѓаните, истакнувајќи дека од страна на Владата досега се доставени околу 580.000 литри, а дополнителни количини обезбедуваат и општествено одговорни компании и општини.

Тошковски апелираше до граѓаните во наредниот период максимално да ја испуштаат водата од чешмите во нивните домови со цел побрзо прочистување на примарните и секундарните цевководи, додавајќи дека во моментов се врши хиперхлорирање до максимално дозволеното законско ниво.

– Хлор сега има до крајните корисници, на сите точки коишто се преземаат и се користат како мерни единици за контрола, е утврдено присуството на хлор и тоа е добро во рамки на фазата на прочистување, да речеме, на резервоарите – појасни Тошковски.

Во однос на бактериолошката состојба, на прес-конференцијата беше посочено дека во одреден број примероци е констатирана бактеријата „Proteus mirabilis“, која најчесто се јавува во биофилмот во самиот водоводен систем од стоена вода, поради претходно некористење на водата ниту за пиење, ниту како техничка. 

На новинарско прашање за наводите дека пациенти од гостиварската болница се префрлуваат во Тетово поради неможност за стерилизација на опремата, Тошковски одговори дека ќе ја провери информацијата, но дека според неговите досегашни сознанија, болницата е целосно оперативна.

– Немам добиено информација дека недостасуваат било каков тип на материјали или било каков тип на, не знам, услови коишто се нужни за да може да функционира во рамки на капацитетот што го употребува – посочи министерот.

Околу прашањето надвор од темата за присуството на двајца бугарски пратеници на судење во Кочани и покрај забраната за влез во државата, Тошковски истакна дека во моментов нема детали за случајот и ги упати новинарите писмено да се обратат до Министерството за внатрешни работи.