Реклама

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

5,4 милиони евра за 1400 нови вработувања

Мицкоски: Од понеделник се намалуваат акцизите за горивата, се бараат начини да поевтини струјата

Државата плаќала, Мирчевски приватно летал и се возел – обвинение за екс-директорот на СОЗР

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Македонија

Тошковски во посета на Турција: Средба со колегата Јерликаја, потврденa одличната соработка меѓу братските народи

Министерот Панче Тошковски кој предводи официјална делегација на Министерството за внатрешни работи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот Панче Тошковски кој предводи официјална делегација на Министерството за внатрешни работи на Македонија, вчера оствари работна средба со турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја.

На средбата беше изразена благодарност за топлиот прием и уште еднаш беше потврдена одличната соработка меѓу двете министерства за внатрешни работи како и на државно ниво и беше потврден фактот дека се работи за два братски народи кои делат меѓусебна почит, историја и традиција.

На средбата министрите ја разгледаа состојбата со илегалната миграција и криумчарењето мигранти како и општата соработка меѓу министерствата и брзата и ефикасна размена на информации со цел борба со сите видови криминал, корупција и тероризам.

Реклама

На иницијатива на турската страна се разгледуваше информација за постапка за стекнување на македонско државјанство на граѓани на Република Турција.

Двајцата министри разгледаа и неколку документи на кои ќе се дефинира и понатамошната идна соработка како нацрт текст на договор меѓу владите на Македонија и Турција за заемно признавање и замена на возачките дозволи, договор за безбедносна соработка меѓу двете влади и нацрт текст на меморандум за соработка во областа на обуки со кои полициски службеници од двете држави ќе можат да добиваат континуирана обука и искуства со цел унапредување на своите професионални знаења и вештини.