Реклама

Корупцијата под лупа – институциите го стегаат обрачот околу поткупот

Македонската царина спречи милионски шверц на Богородица

Скопскиот градоначалник најави бесплатни униформи за сите средношколци во прва година

Македонија е прва во Европа по зголемениот број на туристи

37 нови градинки ќе бидат отворени до крајот на оваа и текот на следната 2027-ма година

Комисијата за заразни болести ќе даде препораки за заштита од западно-нилска треска, откако за една недела има нови 8 случаи

Разговори може, Бугари во Устав по бугарски терк не може: Македонија се уште жртва на капитулациите на Ковачевски и Османи

Инфраструктруните проекти да останат меѓу приоритетите, велат експерти за Алфа

Мицкоски: Очекувам пониски цени на горивата следната недела

Цените на нафтата на светските берзи продолжуваат да паѓаат и натаму сме најевтини во регионот

Гостивар под надзор поради ризик од хепатит А и Е

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Македонија

Тошковски: „Тигар“ – 45 години симбол на врвна подготвеност и храброст на македонската полиција

Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ претставува еден од клучните столбови во безбедносната структура…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ претставува еден од клучните столбови во безбедносната структура на Министерството за внатрешни работи. Оваа високоспецијализирана единица мора во секој момент да биде целосно подготвена, технички, професионално и човечки, за да одговори на најсложените задачи и операции, порача денеска министерот Тошковски на одбележувањето на јубилејот 45 години од формирањето на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ при Бирото за јавна безбедност на Министерството за внатрешни работи.

Министерот посочи дека припадниците на САЕ „Тигар“ се клучен дел од најкомплексните активности на МВР и редовно учествуваат во операции против најтешките форми на криминал. Само во 2025 година единицата реализирала 26 акции, обезбедувала повеќе десетици настани и спровела 13 заеднички вежби со сродни полициски и армиски структури од земјата и странство, меѓу кои и со Зелените беретки од Армијата на САД.

Како што соопшти МВР, припадниците на „Тигар“ учествувале и на меѓународни и домашни обуки и натпревари, на кои постигнувале врвни резултати, а во рамки на спасувачките мисии во изминатата година спасиле пет лица.

Реклама

Во рамките на одбележувањето се доделени плакети, благодарници и награда за најдобриот припадник на единицата за 2025 година, како и признанија за 15 и 25 години служба, како и за соработници и пријатели на единицата. Прикажан е и видео-преглед на активностите на САЕ „Тигар“ во текот на 2025 година.

Делегации од МВР, БЈБ, семејства на загинати припадници и други гости положија цвеќе пред спомен-обележјето на единицата, во чест на хероите кои ги загинале извршувајќи ја должноста за одбрана на државата и безбедноста на граѓаните.