Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

Тошковски: Разбиена сериозна организирана криминална група во Прилеп која со години дејствувала во Македонија и во земји од ЕУ

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во врска со вчерашната полициска акција…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во врска со вчерашната полициска акција во Прилеп истакна дека станува збор за разбивање сериозна организирана криминална група, на која Министерството за внатрешни работи, во координација со Јавното обвинителство и со странски партнерски служби, работело повеќе од една година.

– Станува збор за разбивање на една организирана криминална група, многу сериозна криминална група којашто добар дел од таа организирана криминална група повеќе од 15-тина години го правела тоа што го правела и биле недопирливи за органите на прогон – истакна Тошковски.

Министерот, како што се наведува во соопштението на МВР, информираше дека во текот на вчерашниот ден биле извршени околутриесетина претреси, а околу 21 лице ќе бидат опфатени во првичната кривична пријава која во текот на денот ќе биде процесуирана. Постапувањето продолжува по итна постапка и по наредба на јавен обвинител.

Реклама

Според Тошковски, постојат основани сомненија дека дел од групата во изминатиот период дејствувала и на територијата на Грција, во областа на Халкидики и Калитеа, каде што се сомничи за сериозни кривични дела од областа на имотните деликти, меѓу кои и тешки кражби. Дел од групата, според информациите со кои располага истрагата, вршел криминални дејствија и на територијата на Шпанија. Едно од лицата кое било во куќен притвор во Шпанија побегнало оттаму, а сега е обезбедено од македонската полиција и соодветно процесуирано.

-Навистина станува збор за една сериозна организирана криминална група којашто, пак ќе повторам, многу години роварела не само во Македонија туку и во земји членки на Европската Унија и со една опсежна акција под координација на Јавното обвинителство, повеќе од година дена, пак ќе повторам, е работена оваа организирана криминална група – рече Тошковски.

Во рамки на истрагата постојат сомненија и дека одредени криминални дејствија биле потпомагани од полициски службеници кои споделувале информации со членови на групата. Поради тоа, во текот на акцијата биле извршени и неколку претреси кај полициски службеници за кои постои сомнение дека соработувале со дел од осомничените.

Тошковски информираше и дека член на најтесното семејство на еден од осомничените пред неколку месеци бил уапсен од француската полиција, откако во бункер во неговото возило биле пронајдени 10 килограми кокаин, за кои, според информациите што ги изнесе министерот, целта била да бидат донесени во Македонија.

При вчерашните претреси била пронајдена и готовина во износ од над 120-130.000 евра, а биле одземени и околу десет возила, меѓу кои две „Масерати“ и две луксузни возила „Ленд Ровер“. За едното од возилата постојат основани сомненија дека е поврзано со фалсификувана документација. Истражните дејствија продолжуваат и денеска.

Министерот потенцираше дека целта на истрагата не е само документирање и процесуирање на кривичните дела, туку и утврдување и одземање на имотот стекнат како резултат на криминални активности.

-Целта на оваа истрага и целта на овој кривичноправен процес којшто го преземаме не е само да го документираме, евидентираме и го процесуираме кривичното дело коешто го правеле сторителите, за коешто имаме и те како собрано доказен материјал во изминативе година дена, туку целта е и сето она коешто е настанато како последица на кривичните дела од аспект на зголемување на имотна состојба, биде одземено и биде ставено во функција на државата – истакна Тошковски.

Тој посочи дека постојат сомненија и за перење пари, односно дека приносите стекнати со криминални активности биле пуштани во правниот промет во Македонија и надвор од државата. Истрагата располага и со трага поврзана со купопродажба на имот во соседна Србија.

-Целта е да покажеме и упатиме јасна порака дека криминалот повеќе во Македонија е неисплатлив и дека секој којшто согрешил и секој којшто сторил кривично дело, без оглед на каков тип на кривично дело станува збор, особено трговија со дрога и труење на нашите најмлади, ќе одговара, а притоа сè она коешто го стекнал како нелегален имот ќе биде конфискувано и ќе биде ставено во функција на државата рече Тошковски.

Истрагата, се додава во соопштението, продолжува во координација со Јавното обвинителство, а Министерството за внатрешни работи ќе продолжи со преземање истражни дејствија за целосно документирање на случајот и утврдување на имотот за кој постојат сомненија дека е стекнат со криминални активности.