Реклама

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

Македонија

Тошковски му врати на Џафери за поништените одлуки – Ај што сте неинформирани, па уште сте и дрски

Незаконито и скандалозно Владата поништува одлуки на министерот за внатрешни работи со…

Сподели:

Незаконито и скандалозно Владата поништува одлуки на министерот за внатрешни работи со кои треба да се олесни издавањето на лични документи. Панче Тошковски обвинува дека Илинденска прави преседан, бидејќи неговото решение било вработена во МВР, на доброволна основа, да биде вклучена во процесот на издавање документи. Џафери ја поништи одлуката на Тошкоски бидејќи на нејзе не стоел и потписот на неговиот заменик Бојмацалиев

  • „Владата се охрабри да поништи наредба што јас сум ја издал на колешка во МВР за да го тера процесот со фотографирање. Наредба на колешка, која на доброволна основа сака да помогне да се отвори пунктот во Ново Село, да функционира како што треба, за тие граѓани да може да бидат таму фотографирани, и Владата ја поништува. Па како не им е срам. Ај што се тотално неинформирани, правно непотковани, па уште и дрски да зборуваат за формални недостатоци“, дециден е Тошковски.

„Прв дојден, прв услужен“ беше хаотичен начин на функционирање кога треба да се издадат над 2 милиони документи, вели Тошковски. Затоа, МВР заедно со Министерството за информатичко општество  поставија ново системско решение во Куманово, каде граѓаните со бројче ќе пристапуваат до шалтерите за фотографирање и подигнување на документи, без гужви и турканици.

  • „Можам да кажам дека првично од она што го видов сум задоволен како функционира овде во Куманово соработката којашто ја имавме досега и се надевам дека овој пилот-проект ќе може да го спроведеме во иднина, како системско решение кое би требало да го олесни процесот на спроведување на целокупната постапка поврзана со личните документи“, рече Тошковски.
  • „Во системот прво ги препознава граѓаните коишто се јавиле и телефонски имаат закажано или, пак, електронски и секогаш во нивниот термин тие први доаѓаат на слободниот шалтер, а по нив доаѓаат граѓаните коишто закажуваат на лице место, односно коишто земаат бројче. И во наредниот период продолжуваме со ваков тип на активности“, рече Андоновски.

Тошковски најавува дека во скоро време на сајтот на МВР ќе биде достапна опција да се провери каде граѓаните ќе можат да ги подигнат готовите лични карти во Скопје – дали во МРТВ или во полициска станица, или пак да бидат известени преку СМС порака – исто како што веќе е во процедура со патните исправи.