Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Tошковски му го предаде Министерството на Буши, задоволен е од изборите и посакува брзо формирање влада

Досегашниот министер за Внатрешни работи, Панче Тошковски, и официјално си замина од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Досегашниот министер за Внатрешни работи, Панче Тошковски, и официјално си замина од Министерството за Внатрешни работи. Тошковски кој беше технички министер во Владата, фотелјата му ја отстапи на неговиот заменик Назим Буши кој функцијата ќе ја извршува до формирањето на новата влада.

Тошковски им се заблагодари на соработниците и додаде дека изминатиот период иако му бил исполнет со многу предизвици сепак успеале да ги организираат најдемократските избори досега.

„Заедно со мојот тим покажавме дека со макотрпна работа, професионализам и чесност може да се постигне многу за нашата држава. Успеавме да обезбедиме стабилност и доверба во изборниот процес, односно слободно можам да кажам дека ги организиравме најдемократските избори досега, што впрочем беше и нашата главна цел“, рече Тошковски.

Реклама

Покрај тоа, додаде дека вложивле напори за подобрување на безбедноста и редот во нашата земја, справувајќи се со повеќе предизвици и ситуации кои бараа брзи и ефикасни реакции. Посочува дека со гордост може да каже дека како тим кој раководеше со Министерството во овие четири месеци, функциониравле транспарентно и одговорно, секогаш со целосна посветеност на потребите на граѓаните и државата.

„Со гордост можам да кажам дека како тим кој раководеше со Министерството во овие четири месеци, функциониравме транспарентно и одговорно, секогаш со целосна посветеност на потребите на граѓаните. Потребни се итни и темелни реформи кои се неопходни за Македонија што поскоро да се стабилизира и да го продолжи својот раст и развој“, додаде Тошковски.

Тошковски посочи дека постакува што поскоро да се формира новата влада за да можат државните институции да профункционираат со целосен капацитет. Му се заблагодари на неговиот тим кој, како што вели, вложил натчовечки напори во изминатите четири месеци, но и на сите вработени во Министерството за внатрешни работи кои навистина биле на висина на задачата.

Љубиша Владимиров