Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Тошковски го прочита писмото од ЕУ: Ниедна друга земја освен Грција нема проблем со старите пасоши

Грција е единствена земја членка на ЕУ која има проблем со македонските…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Грција е единствена земја членка на ЕУ која има проблем со македонските пасоши и старото име на државата, Република Македонија. Иако шефот на дипломатијата Бујар Османи го оспоруваше ова, сепак министерот за внатрешни панче Тошковски денеска изворно го прочита документот што стигнал во МВР на од Брисел на 19 ти февруари, гостувајќи во радио емисија на Канал 77. Тој порача дека граѓаните треба да ги знаат фактите и кој им ги создава маките со личните документи.

Земјите членки изразуваат разбирање за прашањата и волја за надминување на пробемот преку изнаоѓање на законско решение во најкус можен рок…DG Nome,тоа е главен директорат во ЕУ, повтори дека одржа состанок на Комитетот за патни документи било покажано разбирање и флексибилност во однос на техничката природа на прашањата. Со оглед на тоа дека само Грција извести дека не ги прифаќа пасошите со старото име на државата. Во принцип, тоа значи дека граѓаните на Македонија може да влегуваат и излегуваат во другите земји членки, но конечната одлука за прифаќање на старите пасоши е на самата земја членка и тоа може да го направи без навремено да ја информира ЕУ“, прочита министерот Тошковски.

Реклама

Министерот за надворешни, Бујар Османи пред неколку дена изјави дека министерот за внатрешни работи погрешно го интерпретира ставот на Европската комисија за тоа дали во ЕУ ќе се признаваат пасошите со старото уставно име. Нигде не ја спомена Грција, тврдеше дека официјален допис министерството добило само од две држави. Едната е Швајцарија која известила дека ќе дозволува движење со пасошите со старото уставно име. Другата е Босна и Херцеговина која информирала оти нема да ги признава ниту пасошите ниту личните карти со старото име.

Во меѓувреме, министерот Тошковски останува на ставот дека треба да се смени Законот за патни исправи продолжувајќи го рокот на важноста на документите до Нова Година и така да се реши хаосот со пасошите.

Засега министерот информираше дека граѓаните со сигурност ќе влезат без пасоши, но со лични карти на кои стои името Република Македонија, во Косово, Србија и Албанија.

Хаосот со личните докуемнти се создаде откако граѓаните побрзаа да го фатат рокот од 12 февруари 2024-та за да ги сменат личните документи со новото име на државата согласно Преспанскиот договор, а власта беше далеку од спремна да испорача нови документи за 2 милиони граѓани.