Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Македонија

Томовски: СОЗР со неколку нови проекти во интерес на државата и граѓаните

Директорот на СОЗР, Ивица Томовски во последното интервју се осврна на посветеноста…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Директорот на СОЗР, Ивица Томовски во последното интервју се осврна на посветеноста на Владата и ги коментираше темите за комплексот Македонско село, кое е обележје на македонскиот идентитет и автентичноста на македонската култура и архитектура, за развојот на руралниот туризам, како и транспарентноста и заштита на државните ресурси од злоупотреба.

Томовски посочи дека Македонско село е имот кој го претставува македонскиот идентитет и култура. Во договор со Министерството за култура, тој додаде дека Македонско село треба повторно да заживее, да биде достапно за туристи, и да биде обележје на Македонија.

-Тоа се 12 различни куќи. Имате каде да однесете туристи надвор од град Скопје, можете да направите една поголема тура бидејќи таму во срцето на самиот комплекс има музеј. Се имаме договорено со министерот за култура да го ставиме повторно во функција, да донесеме двајца или тројца водичи кои што ќе работат таму, па да можат на туристите да им ја раскажуваат Македонија. И заради тоа мислам дека овој објект не треба да биде продаден, изјави Томовски.

Реклама

Томовски објасни дека со оглед на тоа што Македонија е земјоделска држава, и Владата работи на тоа, руралниот туризам да се развива. Тој го посочи саемот во Солун, за кој во моментов се преговара, една година да се одржува во Грција, а една во Македонија.

,,Ние сме земјоделска држава. Во Солун се одржува еднаш на две години Саем за земјоделие, кој што е посетен со 100 илјади посетители дневно. Половина од нив да ги донесеме кај нас, ќе се развие и туризам и угостителството и се останато во државата. Тие го нудат да биде една година кај нас една година кај нив“, вели Томовски.

Во контекст на злоупотреба на државните ресурси во однос на службените возила, тој нагласи дека постапката е во тек и се работи за надминување на недостатоци со кои прв пат се соочува Македонија.

,,Направивме правилник, го изработивме правилникот, го дадовме до меродавните институции како законодавство, го проверија и дадоа позитивно мислење. Го потпиша министерот за внатрешни работи, го изгласавме на Влада. Ние сме една од ретките влади кои што почнале да работат на тој процес“, истакна Томовски.