Реклама

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

5,4 милиони евра за 1400 нови вработувања

Мицкоски: Од понеделник се намалуваат акцизите за горивата, се бараат начини да поевтини струјата

Државата плаќала, Мирчевски приватно летал и се возел – обвинение за екс-директорот на СОЗР

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Македонија

Томовски: Претходната власт која наместо да ги штити државните интереси, преку злоупотреба на државните механизми штитела лични интереси

Прислушкувани биле сегашниот премиер Мицкоски, следени биле новинари, медиуми, бизнисмени. Скандал кој…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Прислушкувани биле сегашниот премиер Мицкоски, следени биле новинари, медиуми, бизнисмени. Скандал кој е од невидени размери. А ќе потсетам дека на власт дојдоа со проект “Вистината за Македонија”. 7 години потоа вистината е поинаква, грда, но и болна. Тогашната власт ја следела опозицијата, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ во кое се пренесува ставот на членот на ЦК на партијата Ивица Томовски.

Сигурен сум дека тоа сега ќе го правдаат со разно разни белешки, инструирани и фабрикувани случаи за надворешно влијание, измислени и наместени причини. Така работела власта која наместо да штити државни интереси, преку злоупотреба на државните механизми штитела лични интереси. 

Главните прашања кои мора да бидат одговорени се: кој бил одговорен да го следи издавањето на ПИМ мерките од 2019та до 2024та година?

Реклама

Дали е впрочем за тоа одговорен сегашниот јавен обвинител Љупчо Коцевски? Ако тоа е така, станува појасно зошто СДСM и ДУИ не гласаа за негово разрешување. 

Уште поважно е што и денес Венко Филипче е опкружен со истите луѓе кои прислушкувале и злоупотребувале државен систем. Истите тие се дел од понудата на СДСM. 

Но и треба да се одговори на прашањето кому и зошто служеле прислушкуваните материјали? Во која европска држава се следи лидер на најсилна партија и новинари и медиуми? Дали со добиените информации се тргувало со влијание и се уценувале бизнисмени? Времето ќе покаже, и ќе ги даде одговорите. Одговорност мора да има.