Реклама

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Собранието оддаде почит на жртвите од Сребреница

Побрз транспорт на стока во ЕУ преку Хрватска

ВМРО-ДПМНЕ фрли ракавица на СДСМ и Левица: Ќе прифатат се што ќе понуди опозицијата, само да гласа дијаспората

Николоски: Работиме на железничко поврзување на Македонија со Албанија и воведување меѓуградски возови

Ниски политички удари во Собранието- Битиќи ги навреди сметководителите, во обид да ја омаловажи министерката за финансии

Рекорден раст – речиси два милиони патници на македонските аеродроми во првите шест месеци од годинава

Македонија

Томовски: Правиме голем исчекор, ќе се набават 100 амбулантни возила

Ивица Томовски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека од продажбата на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ивица Томовски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека од продажбата на службените возила кои се вон употреба ќе се набават 100 амбулантни возила и тоа 80 во 2026 година додека останатите 20 во 2027 година, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

„Од продажбата на овие возила коишто ќе ги расходоваме проценето е дека почетната цена би била некаде околу 1 милион и 600 илјади денари, тие средства одат во буџетот на државата, после тоа од тој буџет на државата ќе одлучуваме што понатака.  На последната седница на Влада помина одлука со којашто се задолжи Министерството за здравство да набави 100 амбулантни возила во текот на наредната година, со одложено плаќање на пет години. 80 возила ќе бидат набавени во 2026 година останатите 20 возила ќе бидат набавени во 2027 година, правиме некаков исчекор, ги расходоваме овие возила, и почнуваме со набавка на амбулантни возила а сум убеден дека истото ќе се пристапи и кон противпожарни возила“, рече Томовски.

Во врска со обвинувањата на СДСМ и нивната кампања Томовски додаде:

Реклама

„Во врска со СДСМ и ДУИ живеат уште во минатиот век, никако да излезат од онаа нивна матрица, има подметнување на пожари, обвинувања разноразни за некакви набавки, очекувам дека ќе продолжат со таква кампања бидејќи немаат конкретна понуда кон граѓаните и би им дал совет доколку сакаат да им се доближат на граѓаните, доколку сакаат да ја добијат поддршката од граѓаните треба да пристапат кон решавање и понуда на конкретни решенија за одредени проблеми во општеството. Ние ќе водиме позитивна кампања, кампања на проекти, не очекувам ништо поразлично“, дециден е Томовски.