Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Прилози

Тивкиот бојкот на откупот на тутунот продолжува, предаваат само тутунарите кои немаат друг извор за егзистенција

       Се’ понавредливата индолентност и на откупувачите, но и на државата за барањата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

       Се’ понавредливата индолентност и на откупувачите, но и на државата за барањата на тутунарите, само го зголемува револтот за производителите да не го предаваат родот.Тивкиот постпразничен бојкот продолжува, а тутун, и тоа од најнеквалитетните класи, предаваат само оние тутунари кои немаат друг извор за гола егзистенција, тврдат од Националната земјоделска мрежа. Тие уверуваат дека неодамна лиферуваните информации дека половина од родот веќе бил откупен, биле чиста дезинформација, најверојатно со цел да се поколебаат тутунарие кои одбиваат својата целогодишна мака да ја продадат речиси за без пари.  

   „Треба тутунопроизводителите да имаме сложност, колку-толку и колку што можеме да издржиме во тивкиот бојкот и да направиме колку-толку притисок врз Сојузот, бидејќи тој е легитимен да преземе некави акции за спас на годинашната сезона“, – вели Диме Димитријески, претседател на УО на Националната земјоделска мрежа.

   И додека ситуацијата веќе трет месец е „повлечи-потегни“, без никаков поволен исход за тутунарите, роковите притискаат бидејќи, според Законот за тутун, годинашниот откуп треба да заврши до крајот на февруари, а веќе до крајот на март ќе треба да се склучат и новите договори.

Реклама

   „Нашите црвени линии остануваат истите. Значи, ние мора да се водиме на здрава економска логика. Немаме повеќе време како изминативе 30 години од година за година да креираме политика. Така аграрна политика не се работи. Да се седне, да се направи производствена, заштитна цена и еднаш засекогаш да се решат проблемите“, појаснува Димитријески.

  Инаку, годинашното прозводство е двојно помало од лани, но е далеку поквалитетно, а сепак откупните цени се на ланското ниво, што за тутунарите е катастрофално. Тие бараат откупните цени да не бидат под 10 евра за килограм тутун.

  Каролина Дурло