Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Економија

ТИРЗ: Успешно претставени инвестициските можности пред бизнис заедницата во Унгарија 

Директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Гоце Димовски, кој е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Гоце Димовски, кој е дел од македонската делегација која престојува во политичко-економска посета на Унгарија, денеска во Будимпешта на настан организиран по повод Денот на деловна соработка меѓу Унгарија и Македонија, пред претставници на унгарската бизнис заедница ги презентираше инвестициските потенцијали и можностите што ги нуди државата и ТИРЗ за странските инвеститори.

Димовски, во своето излагање, се осврнал на поволната бизнис клима, конкурентните услови за инвестирање и активната институционална поддршка што им се обезбедува на компаниите во технолошко индустриските развојни зони. Тој посочил дека државата нуди стабилна и предвидлива деловна средина, како и конкретни механизми за поддршка во сите фази од инвестицискиот процес. Посебен акцент бил ставен на потенцијалите за понатамошно продлабочување на економската соработка меѓу двете земји, како и на можностите за реализација на нови инвестиции, особено во сектори со висока додадена вредност. 

Воведни обраќања на настанот, имале и премиерот Христијан Мицкоски и министерот за европски прашања на Унгарија, Јанос Бока, кои ја истакнаа важноста од унапредување на економската соработка и продлабочување на партнерството меѓу двете земји.

Реклама

Мицкоски, како што информираат, нагласил дека директната комуникација меѓу компаниите е клучна за создавање нови деловни модели, за отворање пазари и за генерирање одржлив економски раст. Во таа насока, премиерот Мицкоски упати јасна порака до деловната заедница дека Македонија е отворена за инвестиции и партнерства, нудејќи поволни услови, стратешка географска позиција и квалификувана работна сила. Тој ги охрабри унгарските компании да ги разгледаат можностите за инвестирање во земјата, но истовремено потенцираше дека македонските компании се подготвени да ги прошират своите активности и на унгарскиот пазар.

Во рамки на настанот, исто така, биле реализирани и повеќе директни средби со компании, при што беа разменети информации и иницирани конкретни можности за идна соработка.

Во состав на владината делегација се и вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, Рефик Џемаили, како и директорката на Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемаштво, Даниела Димовска.

Тема на разговор на денешната политичко-економска посета на Унгарија, како што е најавено, се унапредување на билатералните односи, економската соработка и актуелните регионални и европски прашања.