Реклама

Убиец што Македонија го бара да лежи 12,5 години затвор се појави на бугарска ТВ за да ја брани ќерката од судот во Кочани

Нов документ за проширување, нова можност за Македонија: Побрз пристап до пазарот, платежниот систем на ЕУ, укинување на роамингот…

Тошковски бара храброст од Обвинителството вистински да се истражи криминалот со набавката на мазутот

Мицкоски: Бесплатни учебници, реновирани училишта, сали и базени – образованието останува приоритет

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Прилози

Тирана, Приштина или некој друг град- каде е Артан Груби?

Тирана, Приштина или можеби некој друг град. Каде е Артан Груби? Шпекулации…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Тирана, Приштина или можеби некој друг град. Каде е Артан Груби? Шпекулации постојат, но официјални информации нема. МВР активно работи на пронаоѓање на поранешниот прв вицепремиер, кој наместо да се соочи, реши да бега од правдата. Вицепремиерот Изет Меџити порача дека органите активно работат на враќањето на Груби, и дека како тој, така и никој друг нема да биде над правдата.

-Никој не е над законот, секој што се огрешил треба да одговора, а другото ќе оставиме на МВР и судството да си ја вршат својата работа. (Дали имате информации каде е Груби во моментов?) Се збори, но не е наша работа, мислам работа на политичарите е да дадат порака дека борбата со корупцијата е бескомпромисна и никој не е над законот. МВР се занимава со тоа и веќе има соработка со Интерпол, изјави Меџити.

Груби преку социјалните мрежи без да каже временски рок, порача дека ќе се врател во Македонија. А на тоа го повика и неговиот сопартиец, пратеникот Блерим Беџети. Еден од највисоките функционери на ДУИ, порача дека поранешниот прв вицепремиер треба пред институциите да докаже дека е чист.

Реклама

-Артан Груби јавно го повикувам, во име на партијата и мое лично име, да се пријави пред органите на правдата, за да се соочи. Значи станува збор за случајот со Лотарија за што зборуваме, не за претходното што спомнавме (црните листи), тоа е нешто друго. Како секој граѓанин, носител на јавна функција, сите дилеми, ако тој кажува дека е чист или пак прекршил закон, да се констатира во органите и се надевам ден поскоро да се соочи, тој и многу други, изјави Беџети.

Повик до Груби да се врати и да се обиде да ја докаже својата евентуална невиност испрати и коалицискиот партнер на ДУИ, Зијадин Села. Вели ако е невин, тоа треба да го докаже во судска постапка. Поради сомнежи за сторен криминал Артан Груби заврши на американската црна листа. Тој е осомничен за сторен милионски криминал во Државна лотарија заедно со поранешниот тамошен директор Прпарим Бајрами кој исто така од поодамна не е во државава. За истиот случај кривична пријава добија уште четири други лица. МВР му поднесе кривична пријава и на поранешниот премиер Димитар Ковачевски како и на екс генералниот секретар на владата Методија Димовски. Сепак засега, обвинителството немало докази за нов да ги процесуира.

Матеја Петровски