Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Прилози

Тепачите што упаднаа во кулата на М-НAВ се пуштени од притвор, по барање на Јавното обвинителство

Кривичниот суд ги пушти од притвор бандата осомничени што упаднаа во кулата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кривичниот суд ги пушти од притвор бандата осомничени што упаднаа во кулата на македонска навигација на скопскиот аеродром што се случи на почетокот на јануари, по предлог на јавното обвинителство. Наместо во притвор, судот ќе им ги одземе пасошите и им забрани да го напуштаат градот во кои живеат.

Постапувајќи по предлогот на Јавниот обвинител, а ценејќи ги приложените факти, судиите на претходна постапка, го прифатија предлогот на Јавниот обвинител и  донесоа решенија со кои за А.О., Р.Б. и Љ.Ќ. ја укинаа мерката куќен притвор, додека за С.Ш., О.А. и Е.С. ја укинаа мерката притвор  и им определија мерки за претпазливост од односно, Забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, Одземање на патна исправа и забрана за издавање нова, Обврска обвинетиот да се јавува во судот и Забрана за приближување или воспоставување врска со одредени лица, стои во соопштението на Кривичен суд.

Меѓу уапсените за упадот во М-НАВ е и Беким Незири, советник на директорот на М-НАВ и претседател на чаирскиот огранок на ДУИ. Ним уште пред месец и ипол им беа одредени само мерки за претпазливост, но по жалбата на Јавното обвинителство, им беше изречена мерка куќен притвор.

Реклама

Рамадан Брава е третоосомничен за инцидентот што ја потресе безбедноста на македонскиот и европскиот воздушен простор. Тој е значајна личност во скопскиот огранок на ДУИ, и има улога и како офицер во службата за општи работи во МНАВ. Овие детали се на неговиот Фејсбук профил.  

Инцидентот во М-НАВ се случи на 4 јануари годинава, кога осум лица упаднаа во канцелариите на Македонска навигација на аеродромот во Скопје и нападнаа контролор на летање, а откако Синдикатот на контролорите на летање се кренаа на нозе поради несоодветна селекција на кандидати на оглас за нови вработувања и обвиненија за партизација.