Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Тeкстилците бараат реални и конкретни мерки за јакнење на секторот

Реални и конкретни решенија, наспроти досегашните популистички мерки. Само на овој начин…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Реални и конкретни решенија, наспроти досегашните популистички мерки. Само на овој начин ќе се задржат работниците во производствените капацитети, категорична е преседателката на штипското  здружение Гласен текстилец, Кристина Ампева. Ниските плати  и непочитувањето на работничките права, се причини за бројот на вработени во реалниот сектор да биде десеткуван.

„ Ние сакаме да збориме за покачување на плататите во реалниот сектор од којшто зависи јавната администрација.  Мора да се разговара за долгорочни решенија, за тоа како стопанството да биде подобро, како економијата да биде посилна, стандардот на работниците да биде подобар. Не се потребни политички меерки од денес за утре, кои подоцна ќе бидат изедени како плати„ изјави Кристина Ампева, претседателка на ЗГ„Гласен текстилец„-Штип.

За да се зачуват работните места, потребно е стимулирање на сопствени бренди, наспроти досегашната пракса шиење за странските партнери. Штип ги има сите предиспозиции за целосна реинкрарнација на текстилниот сектор. Затоа општината, преку меѓународната организацијата АКТЕ, ќе црпи искуство од европски градови, кадешто конфекционерството е главна развојна гранка.

Реклама

  „Во најголем дел од овие градови имаат и средно текстилно училиште, имаат и академии и факултети во областа на текстилната индустрија и тоа се основните предуслови за развој на оваа индустрија. Ние ги имаме сите основи за овозможување на развој на овој сектор„ вели Вишна Шорова-Ангелова, секретар на Општина Штип.

Токму и преку АКТЕ беа организирани Денови на мода во Штип, каде штипски текстилни компании ги преставуваа своите брендови. Од утре почнува и осмата по ред Текстелијада, на која за подобрување на работничките права ќе зборува и Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Александра Ристеска